(Видео) Митовска: Во 2001. Пердју велеше “Тргнете ги животинските царства од терен” – Волците, Лавовите, Лавиците за нив беа животински царства!

t

Првиот момент кога нешто преземавме на своја рака, да не знае меѓународната заедница, сите невладини беа на местата каде беа терористите, ние моравме да ги прашаме дали смееме да влеземе на наша територија, Ни велеа ако влезете, точно по бројка толку ќе имате загинати, открива во денешната епизода на Тешки муабети поранешната помошник-министерка во МВР, Наталија Митовска.

– Кога имаше вооружен судир меѓу безбедносните сили и терористите, им помагаа на терористите, мртвите тела ги пресоблекуваа во облека на цивилно население за да се прикаже дека нашите безбедносни сили убиваат цивилно население.

Тие доаѓаа и им кажувавме дека нашата држава е нападната, не не слушаа.

Пердју доаѓа во кабинетот, разговараме каква е ситуацијата, ми се чини дека зборувавме за Љуботен, имавме информации дека терористите го имаат опколено селото, дека имаат ископано ровови, дека доаѓаат многу косовски терористи.

Зборуваат Министерот, директорот на УБК, тогаш беше под МВР, генерали…

Пердју го сврте столчето спрема нас со грб, генералите зборуваат… Се заврте, вели завршивте? Јас сега да ви кажам, таму вие нема да можете да влезете оти ќе имате жртви… Љубе Бошковски ги бркаше странците кога ќе дојдат и ќе зборуваат така со зборовите “Нема ти што во моја држава да ми кажуваш”.

Ама одеше кај Љубчо, кај Трајковски и веднаш се менува ситуацијата, вели Митовска.

Пердју доаѓаше и сите други велеа животинските царства (Волците, Лавовите, Лавиците), да ги тргнете од терен, нашите сили за нив беа животински царства, додава Митовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руската надворешна разузнавчка служба: Српски одбранбени компании…

Според добиените информации, српските одбранбени компании, спротивно…

Најмалку 44 луѓе загинале во израелски напад…

Агенцијата за цивилна одбрана на Газа соопшти…

Адеми: Aко има второ полувреме од 2001…

Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, предупредува дека…

Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…

Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…

Македонските „Волци“ на меѓународна воена вежба „ОРИОН…

Оперативните способности на копно, во вода и…