(Видео) Митовски го „избрка“ Таче од сопствената прес-конференција: Не се знае кој лаже дали премиерот или претседателот…
Првите потврдени сознанија дека Русија подготвува инвазија на Украина на цела територија, не само во Донбас, ние што сме овластени да ги примаме тие информации преку НАТО механизмите, ги добивме на 5 ноември минатата година, изјави претседателот на државата Стево Пендаровски пред неколку недели.
Со ова претседателот дефакто потврди дека Владата, односно државата имала доволно време да се подготви за да се справи со економската, енерегетската и ценовната криза која денес ја зафати Македонија, а е резултат на корона кризата претходно и актуелниот конфликт во Украина.
Токму во овој контекст се однесуваше прашањето на уредникот на Инфомакс, Александар Митовски кој го запраша премиерот Димитар Ковачевски зошто Владата во буџетот не планирала средства за справување со кризата и кој тоа ја говори вистината кога станува збор за информациите за конфликтот, тој или претседателот.
-Рековте пред малку дека сте немале информација околу нападот на Русија врз Украина и затоа не сте донеле соодветни мерки во буџетот, не сте ја предвиделе кризата во Украина, претседателот Пендаровски рече дека уште во ноември сте имале информација за ваква инвазија на Украина. Е сега кој е во право претседателот или вие и зошто ако сте имале информација не сте превзеле мерки, праша Митовски
-Јас во тоа време бев министер за финансии, во министерството за финансии работевме врз основа на проекции на буџет во услови на енергетска криза за која бевме свесни, затоа беа одделени 130 милиони евра. Во услови на цени кои што беа без војната во Украина. Тој буџет се разбира го правевме заедно со билатералните финансиски институции како што е впрочем и денеска, затоа говорам за средбите со ММФ за финансирањето на буџетот и во тој момент немаше официјални информации кои можеа да влијаат на креирање на поинаков буџет, вели Ковачевски.
Веднаш по прашањето на Митовски, протоколот на Ковачевски ја прекина прес-конференцијата и на срамен начин го извлече премиерот и спречи понатамошни прашања на темата.
Погледнете:
Целата прес-конференција погледнете ја тука.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина
Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
Владата го усвои ребалнсот, поточно дополнетиот предлог…
Именувани се в.д директори на Царинската управа…
Владата на денешната седница донесе повеќе кадровски…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…