(Видео) Митовски во најава на аферата “ОКТА”: Во мрежата замешани и власт и опозиција, братска делба на милијарди украдени од Македонија!

t

Во денешната епизда на Тешки муабети, уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, како најава за огромната афера за ОКТА објасни дел од аферата.

– ОКТА практично е еден од финансиерите преку Хеленик Петролеум на најголемиот дел од грчките тајни служби тука преку офшор компании.

Македонија троши околу 200.000 тони мазут годишно, имаме обврска да набавиме 500.000 тони годишно.

За секој тон што нема да го купиме плаќаме пенали, во времето на ВМРО-ДПМНЕ сме плаќале 3 евра кило, во време на СДСМ, 2016, сама си презема Владата обврска и тие пенали ги зголемува на 9 евра.

Владата носи одлука со која цената на пеналите да биде девет евра.

Разликата е помеѓу 250-300.000 тони, ако е 9.000 евра тон, тоа се 18 милиони евра за мазут кој не го користиме.

Еве неколку имиња: советник на вице-прмеиерот Кочо Анѓушев, адвокат на фирмите на Анѓушев, консултант на француската адвокатска фирма која ја застапува Македонија на оваа арбитража е истата жена. Владата плаќа 6 милиони евра само на француската адвокатска канцеларија, фирмата платила 3 милиони назад. Тие кај се? Братска делба отприлика.

Во исто време еден од консултантите на таа компанија и советник на истата компанија е сопруг на една бивша министерка за правда.

А дополнително трансформацијата од нафтовод во продуктовод, кога е продуктовод се носи се, транспортот е за 400-500% намален и врз таа повластена цена монопол има смао ОКТА и Макпетрол, другите мора со камиони да си ги донесат, а кој носи со камиони? Пуцко петрол.

Има десетина офшор компании кои се во сопственик на Лацис, нема премиер или министер кој не бил на “баци рака” кај Лацис.

2014-2015 почнува владата на ВМРО-ДПМНЕ да си ја вратат ОКТА и да го раскинат договорот, одат со подготвен Закон и набавка со која набавка велат дека се што не сме потрошиле како мазул ќе го купиме ама веднаш да ни го испорачате и за следните 5 години. Ја ставаат ОКТА во незавидна ситуација бидејќи не може да испорачаат и се прекршува договорот. ВМРО-ДПМНЕ тогаш покрена постапка за Закон за набавка на тој мазут во име на Македонија да го набави друга компанија, тогаш паѓа Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Огромна е загибата само по загубена добивка, ОКТА не работи скоро 10 години, ние увезуваме поскап готов производ за Хеленик, да не правиме муабет за еколошки ефект. Уништена конкуренција, поскапа цена на горива и нафта, објаснува Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…

Митовски: Никогаш, никому американците не влепиле ваков…

Не дека многу ги почитувам или поздравувам…

Распродажбата на ХЕЦ Чебрен и Тиквеш е…

Распродажбата на ХЕЦ Чебрен и Тиквеш е…

Следете ја во живо првата епизода на…

Следете ја во живо првата епизода од…

Вечерва во 20 часот: Прва епизода од…

Вечерва, не пропуштајте ја првата епизода од…