(Видео) Митовски: Има консензус дека Ванчо Михајлов е негативец и фашист, проблем е што нема консензус за Тодор Александров како еден од најголемите македонисти и херои
Во денешната епизода на “Тешки муабети” се зборуваше за провокацијата со отварањето на бугарскиот клуб кој го носи името на Ванчо Михајлов во Битола. Водителите се согласија дека Михајлов треба да се означи како фашист и да се запише на црните страници на историјата.
Александар Митовски додаде дека во историјата има консензис дека Михајлов е фашист и негативец, но проблем е што нема консензус за Тодор Александров и Борис Сарафов кои не се величаат како македонски херои.
“Има во историјата консензус околу Ванчо Михајлов, тој е негативец, фашист… Проблем е што немаме консензус за ликот и делото на Тодор Александров, на Борис Сарафов…
Немаме консензус за нив затоа што кај нас останал консензусот од комунистичката партија каде се величале само Гоце Делчев, Јане Сандански, Ибе Паликуќа како македонски херои бидејќи тие се сите лево крило на Организацијата.
Тодор Александров и другите кои се десничари не ги учиме како македонски херои, а тие луѓе се исто големи македонисти, исклучителни личности еднакци на Делчев, може и поголеми од него. И тие имаат големи мисли за македонскиот народ, ама ние во учебниците не ги учиме како такви затоа што имаме програма од комунистичката партија.” – заклучи Митовски.
Следете ја емисијата во живо на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=679476090027806¬if_id=1650483730150582¬if_t=live_video_explicit