(Видео) Митовски: Истите судии кои беа дел од “тефтерчето” и сега се на истите позиции – Не може да има независно судство ако судии биле членови на извршен на политички партии

t

Во денешната епизода на Тешки муабети се зборуваше за ситуацијата во судството и партизираноста на органите на прогонот. Уредниот на Инфомакс, Александар Митовски истакна дека е потребно системско решение, прочистување од партиски кадри кои биле дури и членови на високи политички тела на одредени партии.

“Во ситуација кога правосудството е на ова ниво како што е мислам дека ќе ни се случи она што се случуваше пред 20 години на улиците во Софија, народот да ја преземе правдата во свои раце и ќе има убиени не знам министри, пратеници, функционери…

Сметам дека случајот со Зекири е позитивен исчекор но пак е потврда на преседанот со Орце Камчев кога тој беше ставен во притвор поради белешка од АНБ која не беше презентирана и дадена на одбраната, сега обвинителството кажа дека обезбедиле докази за притворот и веројатно тоа еглавен аргумент за донесување на одлука за притвор на Зекири.

Истите судии кои беа во тефтерчето, Сваровски судии, Кацарска судство и сега најголем дел се актуелни судии. Дел од тие луѓе беа членови на извршен на политички партии, дел беа гости на извршни, сега се истите луѓе гости на владеачката партија повторно и утре пак ќе бидат на следната владеачка.

Потребно е комплетно реформирање, промена на такви кадри…” – заклучи Митовски.

Следете ја емисијата во живо на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=1634614823565983&notif_id=1649618110098493&notif_t=live_video_explicit

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ