Објавено на:

(Видео) Митовски: Крива Паланка аплицираше со четири проекти за вториот повик од унгарскиот кредит, нема одговор од Владата!

t

Сѐ уште нема одговор од Владата за четири апликации за проекти во Општина Крива Паланка од средствата од унгарскиот кредит, вели во гостување во Телевизија 24 градоначалникот Сашко Митовски.

– По однос на првиот повик Општина Крива Паланка има аплицирано со една проектна документација за изградба на модуларна катна гаража, каде градежните активности се во напредна фаза. По однос на вториот повик за жал до ден денес сѐ уште немаме потпишано договор и во ваква ситуација се доведува во прашање реализацијата на проектите, бидејќи влегуваме во изборен период и се доведуваат во прашање тендерските постапки.

Спомнав дека Општина Крива Паланка на 19 февруари има поднесено апликации за вториот повик, на 18 февруари ако не се лажам беше отворен повикот. За жал, сѐ уште немаме потпишано договори, а станува збор за реконструкција на централната градска улица, изградба на пешачка и ролерска патека по течението на Крива Река, изградба на локален пат до Калин Камен и изградба на спортски трибини на спортскиот комплекс, објасни Митовски.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривата кула во Италија се соочува со…

Една од „кулите близначки“ на Болоња од…

Митовски: Никогаш, никому американците не влепиле ваков…

Не дека многу ги почитувам или поздравувам…

(Видео) Митовски го „избрка“ Таче од сопствената…

Првите потврдени сознанија дека Русија подготвува инвазија…

(Видео) Аналогијата е случајна: Во помијата за…

Вистинска драма попладнево се случи на заедничката…

Митовски: Шекеринска не верува во актуелното раководство…

Радмила Шекеринска е единствената која излезе неизвалкана…