(Видео) Митрески: Не можам да кажам точен датум кога ќе влеземе во ЕУ, ама треба да се прифати францускиот предлог за да продолжи процесот

t

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, не одговори конкретно на прашањето на Инфомакс за колку време ќе станеме членка на ЕУ доколку го прифатим францускиот предлог.

– Видете, ние може да враќаме назад што се случува со Турција, Србија, јас очекувам дека ќе биде тоа во најбрз можен рок, години не можам да кажам.

Очекувам од средбите сега и во иднина што ќе се случуваат целосно да ја преземем одговорноста како политички партии. Не можам да кажам тајминг, во овој момент нашата одлука со сите забелешки, со целата загриженост во македонската јавност, одлуката е дали во овој процес ќе влеземе и ќе се бориме од внатре, или ќе се вратиме на почеток да ги решаваме проблемите билатерално однадвор, рече Митрески.

Проследете ја целата прес-конференција на следниот ЛИНК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Да му помогнеме на малиот Јован –…

Јован е две годишно детенце, близначе на…