(Видео) Михаилов: Конечно падна добро организирана криминална група!
На подрачјето на ПШС “Бабуна” Велес, после подолга опсервација, денеска во заедничка акција на МВР, Шумската Полиција и службите на ЈП “Македонски Шуми” конечно падна добро организирана криминална група која подолг период незаконски превезуваше недозволено посечена дрвна маса, соопшти заменик-директорот на Македонски шуми, Кире Михаилов.
– Таа дрвна маса веќе одреден период од шума со фалсификувани документи издавани од наши вработени во ЈП “Македонски Шуми” била дистрибуирана до приватните складови, а од таму до граѓаните
Во оваа приказна која се провлекува подолг период се инволвирани и наши вработени од кои лицето К.Т., вработен во ПШС “Бабуна” Велес денеска е лишен од слобода, а ние за него ВЕДНАШ отпочнуваме постапка за негово итно суспендирање, т.е. отстранување од работа, а за останатите кои се инволвирани ќе бидат отпочнати соодветни постапки
Во денешнава акција е одземено едно моторно товарно возило натоварено со дрвни сортименти, на лице место на патот се пронајдени преку 100 метри дотурени дабови огревни дрва, а во самиот оддел од каде потекнува оваа дрвна маса има констатирано дека има посечено уште стотици метри кубни дабови огревни дрва
Дрвната маса која е заловена на лице место денеска и ќе биде конфискувана во денешната акција се проценува на преку 1 милион денари
Ветивме промени, ветивме дела, еве ги … – напиша Михаилов на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Данска ќе сади милијарда дрвја, десет отсто…
Данските пратеници во понеделникот постигнаа договор за…
Кирил Лазаров и Филип Миркуловски ќе го…
Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил…
(Видео) Прв македонски филм на „Netflix“ –…
Од петок (24.12) светската публика ќе има…