(Видео) Мицкоски вели дека ситуацијата со горивата е стабилна, нема да се зголеми цената на струјата
Премиерот Христијан Мицкоски денеска уште еднаш потврди дека ситуацијата со горивата е стабилна, и дека Македонија е една од единствените земји во Европа каде што имаше намалување на цените.
Исто така кажа дека има доволно количини за потребите на сите граѓани и компании.
„Ние сме можеби единствената држава која ги намали цените, единствена држава во регионот можеби и најдобра во Европа по цени на нафта и деривати. Колични има доволно, ќе ја следиме ситуацијата и ќе реагираме. Да не создаваме паника, состојбата е под контрола. Што се однесува до електричната енергија, АД ЕСМ дури и продава на берза и заработува, а поскапување на електрична енергија за граѓаните ќе нема“, рече Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: Промена на правилникот за цени на…
Демократската унија за интеграција обвинува дека граѓаните…
Србија ја продолжува Уредбата со која се…
Владата на Србија ја продолжи Уредбата за…
Бран кражби во Германија поради зголемувањето на…
Порастот на цените на горивата во Германија…
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска…
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска…
Без струја делови од Гази Баба и…
Регионалниот центар за управување со кризи на…