(Видео) Мицкоски да ги вразуми неговите советници – СДСМ повикува да се спречи „холокауст во Ѓорче“
Денеска е ден на голема одлука која треба да ја донесе Советот на општина Ѓорче Петров, а ќе има далекусежни последици за жителите на Општина Ѓорче Петров и општина Карпош, а со тоа и на цело Скопје, истакна денеска на прес-конференција пратеничката од редовите на СДСМ, Даниела Маркоска.
– Една третина од советниците имаат поднесено барање за суспендирање на ДУП-от во Ѓорче Петров, дуп кој предвидува 240.000 метри квадратни станбен простор или 4000 нови станови или 10.000 нови жители што ќе биде демографска урбанистичка катастрофа.
Со еден збор ДУП со огромни штетни последици за граѓаните.
Затоа ги повикуваме претседателот на ДПМНЕ Христијан Мицковски да ги вразуми советниците и градоначалникот од ДПМНЕ, да размислат како ќе гласаат.
Гласот на советниците на ДПМНЕ ќе биде глас на Христијан Мицковски и ДПМНЕ.
Денеска ќе видиме што ќе одлучат, дали ќе дадат глас за иднината на жителите на Ѓорче Петров или за уништвување на Ѓорче.
Воедно ги повикуваме и Павле Трајанов и Стефче Јакимовски, преку членовите на Советот од редовите на Демократскиот сојуз и Гром да го спречат урбаниот холокауст во Ѓорче, вели пратеничката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Мицкоски коленичи пред Гаши, ова е…
Малку требаше за Мицкоски да си ги…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
СДСМ: Гаши да одговора!
Откако не успеаја да го скријат скандалот…
СДСМ: И во наше време Османи сакаше…
Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…
СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…
„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…