(Видео) Мицкоски за набавката на манго и папаја: Од водзух не можеме да живееме – сите постиме!

Премиерот, Христијан Мицкоски ја шокираше македонската јавност со денешната изјава дека во Владата не можат да живеат од воздух, па поради тоа морале да набават 600 кг банани, 600 кг ореви, манго, папаја, аспарагус и останати егзотични зеленчучици.
-Не знам дали тоа се точни информации. Ќе проверам и ќе ви дадам одговор. Но, прочитав во некои медиуми дека се набавени 600 килограми банани. Јас банани не јадам, но ќе го проверам сето тоа. Ако е целта да најдеме нов начин и нова формула во Владата ако може на воздух да се живее, еве јас ќе ви кажам дека сега во месец на рамазански и велигденски постови, внимаваме каква храна конзумираме. Конкретно јас постам и знам дека голем дел од колегите го прават истото, одговори денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Премиерот нагласи дека во наредниот период ќе „внимаваат на овие трошења да ги сведат ако е можно на нула, за да не предизвикаат такви реакции…“.
За жал на премиерот после набавката на овошје СОЗР распиша тендери за набавка на октопод, лосос, разни морски плодови, па дури и јунешки бифтек од теле не постаро од 24 месеци…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Мицкоски за набавката на манго и…
Премиерот, Христијан Мицкоски ја шокираше македонската јавност…
Зеленски повика на прекин на огнот во…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на прекин…
Мелони предлага проширување на членот 5: НАТО…
Италијанската премиерка Џорџа Мелони предложи да се…
(Документи) „Се грижиме“ – Владата набавува морски…
Додека по рафтовите во маркетите Владата спроведува…
Палчо: Не ме плаши доживотната робија ниту…
Пресудата е донесена на прес конференција од…