(Видео) Мицкоски контра Трамп, но со Путин: Поддржал „решение со две држави“ за Израел и Палестина, соопшти Ердоган

t

Мицкоски го поддржува решението со две држави за Израел и Палестина, соопшти денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на заедничка прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски.

– Заедно со нашиот пријател Мицкоски говоревме за Украина и за Газа, говоревме за универзалните и за регионалните стратешки проблеми. И тука разменивме одредени мислења и за нас клучно е во Украина да се формира и натаму разговор и мирно да се разреши овој проблем. Понатаму, во Палестина имаме заедничко мислење да се формираат две држави, истакна Ердоган.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно во изјави за медиумите истакна дека таканареченото „решение со две држави“ е мртво.

На прес-конференцијата одржана со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, претседателот Трамп беше прашан:

„Само што кажавте дека мислите дека сите Палестинци треба да се преселат во други земји. Дали тоа значи дека не го поддржувате решението за две држави?“

На што претседателот одговори:

„Тоа не значи ништо за дводржава или една држава или која било друга држава. Тоа значи дека сакаме да имаме – сакаме да им дадеме на луѓето шанса за живот. Тие никогаш немале шанса за живот бидејќи Појасот Газа беше пеколна дупка за луѓето што живеат таму. Беше ужасно. Хамас го направи тоа толку лошо, толку лошо, толку опасно, толку неправедно кон луѓето… И морам да нагласам, ова не е за Израел, ова е за сите на Блискиот Исток — Арапите, муслиманите — ова е за секого, истакна Трамп.

Трамп не поддржува вакво решение, но поддржува Руската Федерација.

Веднаш по оваа изјава на Трамп, реагираше Кремљ, а портпаролот на Путин, Дмитриј Песков истакна дека две држави е единствено решение, а Руската Федерација потполно го поддржува.

„Ова е тезата што е содржана во релевантната резолуција на Советот за безбедност на ОН, ова е тезата што ја делат огромното мнозинство земји вклучени во овој проблем. Ние тргнуваме од тоа, го поддржуваме и веруваме дека тоа е единствената можна опција“, рече тој во изјава за медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…

Израел ја прекина струјата во Газа

Израел објави дека ја прекинува струјата во…

Израел до Хамас: Не правете грешка, портите…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска…

Израел купува повеќе од 40.000 авионски бомби…

Израел ќе набави повеќе од 40.000 авионски…

(Видео) Мицкоски контра Трамп, но со Путин:…

Мицкоски го поддржува решението со две држави…