(Видео) Мицкоски нарачува јавен линч на Груевски: Се пиеле дијазепами, викање се слушало и на плоштадот – екс-премиерот народот сам го посочувал како политичар со најголема доверба!

t

Пропагандната машинерија на Христијан Мицкоски работи на јавен линч на екс-премиерот Никола Груевски откако Мицкоски се соочи со најкатастрофалната анкета во својата политичка кариера, анкета која го најавува крајот на неговата агонија на политичката сцена.

И нему самиот веќе мора да му е јасно дека неговиот пристап „да врти како киша око Крагујевац“ веќе не поминува во македонската јавност и недостатокот на јасно изразен политички став по клучни прашања за македонскиот народ скапо го чинеше во изминатите пет години претседателствување со ВМРО-ДПМНЕ.

После петте најтешки години во историјата на Република Македонија, со променето име, со уништен идентитет и историја, со помината пандемија, инфалција од 20 отсто проследена со досега невидена немаштија и војна која многумина аналитичари ја нерекуваат светска, Мицкоски има историски најнизок рејтинг на анкета на релевантниот меѓународен институт ИРИ.

Не говориме за партиска анкета во која на нарачателот секогаш му е најголем рејтингот.

Мицкоски не само што е на историско дно со неговиот личен рејтинг туку компаративно предничи со само 1 отсто пред Димитар Ковачевски кој се појави на политичката сцена пред една година и ги прифати сите политички барања на Бугарија што резултираше со најмасовните и најтензичните протести во изминатите 5 години.

Сепак за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ најболниот удар не е рејтингот на Ковачевски или на Ахмети со кого Мицкоски има еднаков рејтинг туку рејтингот на екс премиерот Никола Груевски кој во моментов е најпопуларен политичар во Република Македонија со рејтинг од 7 проценти.

И токму во оваа насока одработува пропагандната машинерија на Мицкоски која сака да го девалвира значењето на оваа анкета минимизирајќи го очигледниот пораз на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кој ја влече надоле партијата, а со тоа нанесува несогледлива штета на државата и националните интереси.

Новинарот Горан Момировски во своето вчерашно гостување во Канал 5 телевизија посочи дека му пречи што на анкетата било посочено име на поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, каде впрочем и започнува со манипулацијата за што ќе прочитате малку подоле во текстот.

-Да се види методологијата на анкетата. Да се види како е поставено прашањето. Вообичаено се прави анкета со политичките лидери на политичките партии. Сега овде го ставиле и Груевски на анкетата и навистина не знам зошто? Ако е ставен во анкетата како избор на нарачателот е едно прашање ако самите граѓаните го ставиле, што не верувам, самите граѓани го наметнале како политичар со најдобар рејтинг тоа е друго прашање. Мислам дека се работи за една блага манипулација за да му се упати порака од одредени меѓународни структури на ВМРО-ДПМНЕ да прави компромиси да не се залетува премногу. Имате низа прашање како промена на Уставот и внесување на Бугарите во Уставот итн. Има низа шпекулации можни се комуникации помеѓу Груевски и Владата за да помогнат во промена на Уставот, тоа јавно се говореше во повеќе медуми, вели Момировски.

Пр-џиите на Мицкоски удираат по методологијата и начинот на кој што е поставено прашањето, а тука лежи и најголемиот проблем за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Впрочем Груевски не бил еден понудените одговори за тоа на кој политичар најмногу му верувате туку народот само го посочувал екс-премиерот како политичар во кој имаат најголема доверба.

Да повториме поранешниот премиер Никола Груевски, ја носи титулата најпопуларен политичар во Македонија, согласно последната анкета. Довербата за него е 7% и пораснала дупло, споредено со минатогодишните 3%. И да повториме неговото име не е посочувано од анкетарите туку од граѓаните кои биле анкетирани.

Другата груба манипулација која во јавноста сака да ја пласира Христијан Мицкоски е дека поранешни стуктури во партијата на екс-премиерот и Сашо Мијалков работатат на промена на Уставот со цел влез на Бугарите. Оваа лага се пласира во јавноста откако Инфомакс ги објави внатрепартиските информации од ВМРО-ДПМНЕ дека во моментов повеќе од 15 пратеници се спремни да кренат рака во Собранието и да гласаат за уставни измени со објаснување дека „Македонија мора да остане на европскиот пат“.

Суштината на проблемот со кој се соочува Мицкоски е онаа негова несреќна изјава во која најави оставка од претседателската позиција во ВМРО-ДПМНЕ доколку макар и еден пратеник гласа за промена на Уставот.

-Првиот браник е непроменливоста на Уставот. Иако од власта ќе продолжат со изјавите имало пратеници, од раководството итн. Нема такви. Еве јас тука сакам да ја затворам таа тема по цена на мојата професионална и политичка кариера, такви луѓе нема. Јас гарантирам. Ако гласа некој за промена на Уставот, ќе си заминам, ќе ја напуштам политиката. Никогаш повеќе нема да се занимавам со политиката ако јас додека сум претседател под овие улови биде променет Уставот, вели Мицкоски.

И тука лежи впрочем најголемата дилема со која се соочува Мицкоски, а тоа е дали да го повтори сценариото од 2018 година кога дел од пратениците наводно се одметнаа и гласаа за уставните измени или во најдобро сценарио со сите пратеници во нов парламентарен состав да гласа за влез на Бугарите во Уставот како што впрочем ветувал на неколку странски државници.

Дека Мицкоски се соочува крај на политичката кариера говори и неговото откажување од терминот „шпицен кандидат“ и најавата дека ќе биде носител на листа во изборната единица еден со што би осигурал пратенички мандат, а со тоа и многу важниот пратенички имунитет кој би ја зачувал својата слобода во услови кога по уставни измени би морал да се повлече од претседателската позиција во ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски отворено ги демантираше сите лаги и манипулации кои за трагедијата да е уште поголема во моментов не доаѓаат од Бихачка туку од седиштето на неговата матична партија. Груевски не може да биде алиби за предавството кое му се подготвува на македонскиот народ.

Груевски неодамна истакна дека не се согласува со дел од политиките на сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи како што вели никој не го прашал за мислење или совет. Сепак Груевски во тоа свое обраќање на Фејсбук детално објаснува дека не се меша во внатрепартиските работи бидејќи не сака да биде алиби за неуспесите на неговиот наследник.

-Вообичаено не коментирам шпекулации, и разни лаги и невистини кои иако долго не сум во политиката секојдневно се лиферуваат на социјалните мрежи, медиумите, од разни квази аналитичари, новинари, политичари и слично, бидејќи ги има толку многу што треба секој ден само тоа треба да правам, изјави тој.

Груевски изречно ги демантираше нарачаните текстови на Мицкоски во одредени медиуми во кои се вели дека тој лобира за промена на Уставот.

-Се раширија и лаги дека со мене преговарале домашни структури од актуелната власт или странски преставници со цел за наводен мој договор со нив во кој тие би изработиле прекин на политичкиот прогон кон мене а за возврат јас наводно сум ветил или ќе сум помогнел за носење на некакви штетни за македонската нација одлуки во парламентот, или создавање кризи во ВМРО-ДПМНЕ.

Впрочем како што вели и самиот Груевски вели доколку сакаше да го предаде македонскиот народ многу веројатно тој се уште ќе беше на власт, немаше кон него да се спроведува политички прогон и да биде приморан за да го зачува својот живот времето да го поминува во Будимпешта.

-Впрочем доколку јас сакав на таков начин да го запрам политичкиот прогон кон мене, имав шанси, имав прилики и понуди уште додека бев во Скопје, кои категорично ги одбив, откриј Мицкоски во своето обраќање.

Да се вратиме на крунскиот доказ кој за што одработува?!

Претседателот на САД, Џо Бајден минатата година издаде декрет за земјите од Западниот Балкан со кој им се наложува на сојузните власти да ги стават на црна листа сите лица кои работат против клучните договори во регионот. Со декретот секое лице кое директно или индиректно го спречува или е закана за спроведување на Охридскиот рамковен договор или за Преспанскиот договор ќе се најде на црната листа на САД. Прашањето е зошто Мицкоски го нема на оваа црна листа, а верувам одговорот го знаете сите.

Колку за потсетување токму на црната листа на САД од неодамна се најде екс-премиерот на Република Македонија, Никола Груевски.

Црната пропаганда кон екс-премиерот од страна на Мицкоски ескалираше пред неколку недели кога тој во свое интервју истакна дека има намера да го апси најомилениот политичар во Македонија ако дојде на власт. Зошто? Едноставно да ги лечи личните фрустрации бидејќи во својата петгодишна политичка кариера ниту еднаш не се наметна како лидер туку очекуваше дека лидер се станува по автоматизам како претседател на најголемата политичка партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ.

Во интервју за „А1он“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кажа дека кога ќе дојде на власт, нема да ја укине меѓународната потерница по Никола Груевски, што ќе значи враќање на екс-премиерот директно во затвор.

И трагедијата наречена Христијан Мицкоски не завршува тука бидејќи со ваква правосилна пресуда не е осуден само Груевски туку на пример и браќата од 27 април. Но тоа не е се…

Со една изјава Мицкоски излижа онаму каде што 5 години плукаше и обвинуваше за политички прогон, терор од страна на СДСМ кон ВМРО-ДПМНЕ, па заборави ли дека Македонија беше единствена држава во Европа со политички затвореници?

-Македонија е единствена држава во Европа која што има политички затвореници кои се жртва на прогон на Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ објавено на 11 јули, 2019-та година.

И погодете кој е претседател кога е објавено ова и уште илјадници вакви соопштенија? Да точно, Христијан Мицкоски.

Ако противникот со фудбалски речник кажано СДСМ го игра најкатастрофалниот нарпревар во својата историја, а ВМРО-ДПМНЕ не може да го порази на парламентарни избори и рејтингот на тимот е за три пати поголем од рејтингот на тренерот, тогаш време е за нов тренер, а не за плукање по успесите на претходниот.

Народот си знае зошто го бара Груевски назад ама не за во затвор туку повторно како премиер.

Пишува: Милош Милошевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата најави ново задолжување од 700 милиони…

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека…

Акиов и се извини на службеничката за…

По насилниот инцидент на денешната седница на…

Трагeдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…

45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…