(Видео) Скандалозна изјава на премиерот во заштита на Изет Меџити: Мицкоски не планира да урива ниту една дивоградба

t

Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата на Брвеница на новинарско прашање одговори дека не планира масовно да урива дивоградби по примерот на Албанија и кампањата на тамошниот премиер Еди Рама.

– Мојата филозофија во животот е да градам,а не да уривам, кратко одговори Мицкоски на новинарското прашање.

Албанија и албанскиот премиер Еди Рама се актуелни изминатиот период со широката кампања за уривање на дивоградби, особено на туристичкото крајбрежје околу Валона и Саранда.

Рама порача дека кампањата за уривање на дивоградбите во Албанија ќе продолжи. Посебното државно тело за оваа намена – Националниот инспекторат за заштита на територијата (ИКМТ) неодамна урна 66 нелегални објектикај р’тот Родон кај Драч. Рама го опиша подрачјето како природно богатство кое било злоупотребено за профит преку нелегална градба.

ИКМТ се фокусира на неовластени градби, фокусирајќи се на крајбрежните зони и заштитените подрачја.

Не планира да руши ниту една дивоградба во Македонија

Мицкоски со скандалозна изјава во обид да го спаси Изет Меџити од затвор.

Не планира да руши ниту една дивоградба во Македонија.

Posted by INFOMAX.mk on Thursday, September 4, 2025

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Скандалозна изјава на премиерот во заштита…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата на…

5 активни пожари на отворен простор, пожарот…

На ден 05.09.2025 година, до 12:00 часот,…

Трамп: Ги изгубивме Русија и Индиja, препуштајќи…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД,…

ГОЛЕМ ПРОТЕСТ ВЕЧЕРВА ВО СРБИЈА! „Србија, можеме…

На голем протест кој треба да почне…

16 години од бродската несреќа во Охридското…

На 5 септември 2009 година, во Охридското…