(Видео) Мицкоски со навреди за Апасиев: Наместо да се натпреварува во Прцорек од каде што е ќе се кандидара во Карпош

t

Ниски удари и навреди кон претседателот на Левица упати Христијан Мицкоски на своето вчерашно гостување во телевизија 24 во емисијата Анализа.

Со потценувачки тон исмејувајќи го лидерот на Левица, Димитар Апасиев претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека Апасиев наместо да се натпреварува во село Прцорек од каде што потекнува тој ќе го собира гласови во изборна единица 1.

Со ваквата изјава Мицкоски во суштина го покажа стравот од Левица, односно нивниот апсорпционен капацитет на незадоволни гласачи од ВМРО-ДПМНЕ во изборните единици бастиони на партијата, а тоа се изборната единица 3 и 4.

-Апсолутно ние анализираме се, но јас колку што го слушнав господинот Апасиев тој рече дека ќе се натпреварува во изборна единица 1, односно да бидам попрецизен тој нема да се натпреварува во Прцорек од каде што е туку ќе дојде во Карпош, во Центар, Аеродром во Кисела Вода, а за другите изборни единици не знам кој ќе бидат носителите на Левица, вели потценувачки Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел нема да прекине додека не го…

Израелската операција против Иран „нема да заврши…

Израел со 60 авиони го нападна Иран

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…

Израелски тенк пукал во толпа и убил…

Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…

Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…

Повеќе од шест месеци – уште од…

Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…

Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…