(Видео) Мицкоски уште еднаш потврди дека прифаќа уставни измени
Христијан Мицкоски по вчерашната лидерска средба денес уште еднаш потврди дека ВМРО-ДПМНЕ прифаќа уставни измени со цел влегување на Бугарите во Уставот.
Според него овие уставни измени ќе бидат со одложено дејство односно ќе важат откако Македонија ќе стане членка на Европската Унија.
-Кога станува збор за уставните амандмани ние рековме во ред нема проблем да го прифатиме гласањето за истите, но ефектот да биде со одложено дејство, вели Мицкоски.
Оваа негова последна промена на ставот доаѓа откако тврдеше дека непроменливоста на Уставот е последната брана против бугаризација на Македонија и македонскиот народ.
-Пратениците во овој момент практично претставуваат чувари на Уставот, при што јавно се обврзаа да бидат гаранцијата дека ќе нема промена на Уставот и легитимирање на процесот на асимилација и бугаризација, кој го прифати и договори Владата. Знам дека многумина ќе влечат паралели со промените на Уставот врзани за промената на името и ќе нагласам дека сум свесен за тие коментари, но воедно ви посочувам дека ова не е 2019-та година, ниту пак ова е истиот пратенички состав. А најголема гаранција дека нема тоа да се случи – е јавно дадениот збор на сите пратеници, вклучително и моето верување во капацитетот на таквата одлука на пратениците. За мене, јавно дадениот збор е поголема обврска од кој било потпишан договор, но и покрај зборот, на иницијатива на самите пратеници се дадоа изјави заверени на нотар, изјави Мицкоски.
Потоа тврдеше дека Уставот нема да се менува во овој парламентарен состав, за потоа да бара промена на Уставот по хрватски терк, а после вчерашната лидерска прифати промена на Уставот, но со одложено дејство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…
Производителите на пченица се во загуба ако…
Благојче Богоески е млад земјоделец од село…