(Видео) Мицкоски ќе и ги носи и куферите? Жалење, извинување и свиткана кичма, премиерот ќе ја пречека Османи на аеродром слетниот пат кога ќе патува во Македонија
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја понижи државата пред целиот свет, настапувајќи со свитка кичма пред косовоскиот премиер, Албин Курти по скандалот на скопскиот аеродром со косовоската претседателка Вјоса Османи.
Мицкоски во својата изјава во неколку наврати изрази жалење ги обвини вработените во ТАВ и МВР и се извини пред цела јавност за тоа што и се случило на Османи.
-Се следат јасни и прецизни стандарди и процедури кога се користат комерцијални летови. И јас сум подложен на вакви процедури како македонски премиер, македонската претседателка и сите официјални лица кои го поминуваат ВИП-делот. Јас не го користам тој дел, туку делот како и сите граѓани. Жалиме и не сакаме да се повтори, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски на заедничката прес-конференција со неговиот косовски колега, Албин Курти за инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи на меѓународниот аеродром „Скопје“.
Курти и самиот потврди дека добил извинување од премиерот Мицкоски.
Премиерот меѓу другото се понуди следниот пат да ја пречека Османи на аеродромот и самиот да ја спроведе преку граница.
-Лично следниот пат ќе ми биде задоволство да ја пречекам на аеродромот и заедно да ја придружувам во времето кое ќе го помине на аеродромот, за да избегнеме инциденти, а посебно однесување на поединци кои што се наш домашен проблем кој ќе си го решаваме, истакна премиерот во своето обраќање.
Косовскиот премиер потврди дека и лилчно добил извинување од Христијан Мицкоски на прашање на Инфомакс.
Имено на косовската претседателка Вјоса Османи не ѝ е првпат да направи инцидент на Меѓународниот аеродром Скопје како оној на 1 август, кога при патување со комерцијален лет одбила да го предаде приватниот телефон и рачниот багаж на безбедносна контрола на скенер пред влез во авионот, велат аеродромски извори кои се вклучени во безбедносните процедури во авиосообраќајот, но не се овластени да коментираат, пренесува СДК.
Слични инциденти имало и кога летала со комерцијални летови на „Туркиш ерлајнс“ и „Аустријан ерлајнс“, но тогаш не ѝ било дозволено да биде изземена од граничната контрола, затоа што овие компании имаат свои претставници на аеродромот кои се грижат стриктно и без исклучок да се почитуваат законските процедури. Во една прилика, дури авион на „Туркиш ерлајнс“ на редовна линија за Истанбул доцнел час и пол, бидејќи обезбедувањeто на Вјоса Османи се карало со претавникот на авиокомпанијата кој не дозволил авионот да полета без контрола според меѓународните воздухопловни стандарди за цивилен соообраќај.
На 1 август, Османи летала со „Виз ер“ за Љубљана. Унгарската нискобуџетна компанија нема свој претставник на аеродромот, но обезбедувањето на операторот на скопскиот аеродром ТАВ инсистирало таа да го почитува законот и нејзиниот телефон и рачен багаж да помине низ скенер, па нејзините телохранители предизвикале инцидент.
Како што прв објави Инфомакс во мега-скандалот на скопскиот аеродром во инцидентот учествувал шефот на обезбедувањето на претседателот на Собранието, Африм Гаши кој што го извадил и го репетирал својот пиштол среде преполниот аеродром во пресрет на празниците.
Целиот настан се одвивал во ВИП делот на аеродромот каде пристигнала претсдателката на Република Косово, Вјоса Османи. Имено кога пристигнала Османи која ја користела Македонија за транзит соогласно процедура од обезбедувањето на аеродромот било побарано од неа да ги отвори куферите и да покаже што има во нив. Османи одбила да ја спроведе наредбата обраќаји му се дрско и недолично на обезбедувањето на аеродромот.
Откако Вјоса Османи одбила да ги отвори куферите му се јавила на претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши од кого побарала асистенција да помине без да и се направи претрес на багажот. Гаши злоупотребувајќи ја својата положба прифатил да и асистира и испратил членови на своето обезбедување на чело со шефот, Сабедин Синани кои се упатиле кон скопскиот аеродром.
Сабедин Синани и уште неколку членови на обезбедувањето на Гаши пред 10-тици сведоци патници дрско и со навреди се обратил кон обезбедувањето на аеродромот и побарал да помине косовоската претседателка. Откако вработените одбиле да ја пропуштат Османи, Синани го извадил, репетирал и вперил пиштолот во глава на полициското обезбедување на аеродромот.
Набргу потоа неколку полициски автомобили од полициската станица на аеродромот со репетирано оружје пристигнале пред вип влезот на аеродромот и го впериле своето оружје кон Синани.
По кратката заложничка драма оружјето за среќа било спуштено без да има повредени или не дај боже настадани.
Да повториме дека целиот овој настан се одвивал пред 10-тици сведоци, патници и вработени на аеродромот.
Шефот на обебзбедување на Гаши дефакто го загрозил целиот авио сообраќај во државата предизвикувајќи заложничка драма на аеродромот во Скопје со вперување на своето оружје во полициски службеник, а Гаши ја злоупотребил својата положба како претседател на Собранието со своето шерифско однесување. Се поставува прашањето што се обидувала Османи да сокрие од македонската полиција?
Зошто одбила да ги отвори своите куфери за детална проверка па побарала помош од претседателот на македонското Собрание Африм Гаши?
Инфомакс разговораше со неколку познавачи на процедурата на скопскиот аеродром кој за нашата редакција велат дека во ниту еден случај полицијата не би побарала отворање на надвор од процедурата.
Mногу гордо…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…
Уапсен маж кој ѝ се заканувал на…
Маж од американската сојузна држава Вирџинија е…
(Видео) Ангелов: Нема населени места загрозени од…
Нема потреба од паника и од вознемиреност…
Ѓоковиќ сака да настапи и на Олимписките…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој ја освои…
Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…
Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…