(Видео) Можете ли да замислите Турција да го даде Ататурк, Италија Гарибалди, Индија Махатма Ганди – Дали сте вие нормални бре што го продавате Гоце?!
Ицо Најдовски – Перин ги направи властите, односно трговците со националните интереси во Македонија народски кажано салата. Плукате по делото на Гоце ама тоа ќе ви се врати и на вас и на вашите деца, вели Најдовски.
– Ја дадоа античката историја, Александар и Филип Македонски, христијанството ни го продадоа на Татарите, на Аспарух, ни го продадоа образованието од Светите Кирил и Методија, Цар Самоил, сега дефинитивно можеме да кажеме дека го дадоа и Гоце Делчев што две државни делегации го слават на исто место во истиот ден како заедничка историска личност.
Плукнавте и во делото на Гоце Делчев.
Како можете Гоце Делчев да го дадете на Бугарите? Можете ли да замислите Бизмарк Германците да им го дадат на Полска, Џорџ Вашингтон да го земе Англија од Америка, Ататаурк од Турција можете ли да го земете? Плукате на крвта на Партизаните, пликате на грбиштата на Македонците, ама тоа ќе ви се врати на сопствените лица и деца.
Дали Србија ќе го даде Милош Обилиќ? Дали Индија ќе го даде Махатма Ганди, ало?! Нормални ли сте? Прв човек на Бугарија е Аспарух, втор царот Борис од 10 век, во поново време Васил Левски, на Бугарија се Христо Ботев и други личности, Бугарите не го познаваат Гоце Делчев, не е популарен, имате ли вие од таа комисијата за историја на чело со предавникот Ѓеоргиев некаква свест?
Дали Русија би го дала Петар Велики или Советскиот сојуз на некој? Дали Албанија ќе го даде Скендербег, од Албанија ни го донесоа во Скопје, дали Италија ќе го даде Гарибалди на Шпанија?
Јавно прашувам дали имате некаква човечка свест? – вели Ицо Најдовски Перин.