(Видео) Монструзони активности на Лев Тахор: Бегалец од сектата раскажува за сексуалното вознемирување, насилството и присилните детски бракови

t

Пред десетина дена во Македонија се појави група од четириесетина членови, меѓу кои и жени и деца. Групата најпрво беше забележана во Куманово, а на социјалните мрежи се појавија многу слики и видеа од луѓето кои се облечени во нивна традиционална облека.

Првично тоа предизвика страв кај кумановци, но веднаш потоа МВР излезе со став дека нема потреба од страв бидејќи групата била еврејска религиозна група наречена Лев Тахор и дека се на поминување низ Македонија.

Припадниците на Лев Тахор потоа дојдоа во Скопје, а последните информации кажуваат дека моментално се сместени во охридско село.

На социјалните мрежи се појави видео од поранешен член на религиозната група, Менди Лејви, кој во 20 минутното видео опширно објаснува за неговите искуства од групата, а најголем дел од нив се потресни.

” Здраво, моето име е Менди Лејви и јас избегав од Лев Тахор” – вели Лејви на почетокот и покажува слика од него и дел од лидерите на религиозната група.

Во видеото се слуша еден од лидерите на групата кој вели:

“Ако се е добро, значи дека нешто не е дбро. Ние сме навистина среќни што сакаш да го допреш дното на вистината, бидејчи ние сакаме луѓето да ја знаат вистината. Ако некој не е среќен во заедницата ние ќе бидеме повеќе од среќни да му помогнеме да живее.” – веројатно упатено кон потенцијален член на групата.

Еве што вели Лејви за Лев Тахор:

“Лев Тахор е култ базиран на три столба, бес, тага и болка. Во моментов ако некој сака да излезе од Лев Тахор, едноставно не може, се е заклучено. Татко ми секогаш мислеше дека треба да ја напушти групата, еднаш и кажа и на мајка ми, го слушнав тоа. Причината зошто татко ми заврши умирајќи во култот е што Лев Тахор не дозволува никој да оди на доктор без дозвола. Да, можеше да биде жив доколку го пуштеа да оди на доктор, сигурен сум. ” – раскажува Лејви.

Откако татко ми почина, тие буквално ги зедоа сите мои браќа насила од мајка ми, рекоа тие немаат татко кој ќе ги научи на “кунах”, кој ќе се грижи за нив во религиозна смисла?

Рекоа дека мора да се распоредат во различни куќи, на пример во куќите на лидерите.

Јас навистина сакав да ја видам мајка мми, ама секогаш кога сакав да ја видам добивав ќотек пред нејзината куќа, таа ме слушаше додека плачам. Кога и да се сетам на тоа е многу болно. Главната причина поради која решив да заминам е бидејќи ме присилуваа на брак со 12 годишно девојче, која ми е прва братучетка. И јас не сакав и таа не сакаше. Не тераа да кажеме дека се согласуваме.

Лев Тахор се сместија во Гватемала, не сакаа да купат имот, живеат во шумата, купија трактор и буквално ги исекоа сите дрва во околината, поместуваа карпи за да постават шатори. Тоа буквално е дрва и пластика. Кровот е од некаков метал, како алуминиум. Среќниците добиваат нешто како мали бараки, што е знаете послесно, подобро. Имаше многу опасности, имаше змии, многу пајаци, животни наоколу, а бебињата играа на земјата, најголем дел од децата носат малку облека и немаа чевли.

Од три години мораа да ја носат црната облека, секакви насилства се случуваа таму, секакви можни. Се што можете да замислите, нешта што мислите дека никогаш нема да се случат таму.

Добиваш “малкус” секогаш кога Рабинот ќе одлучи. Ме ставаа на маса со ѕвонче… Сексуалното насилство е најчесто од Рабинот, од главниот Рабин, тој физички контактираше со момчињата, можеби и со девојчињата ама за машките сум сигурен. Значи буквално лидерот на Лев Тахор имаше деца во неговиот кревет.

Знаеја како да ги убедат, зошто мора да го направиш тоа, секој ден беше тортура, удирање, казни, не сакав да го живеам тоа секој ден. Затоа решив да се самоубијам, да се прободам најпрво, сакав само да не бидам повеќе дел од Лев Тахор. ” – вели Лејви.

Девојка раскажува дека биле казнунвани со камшикување, голи пред целото училиште и не смееле да плачат бидејќи плачењето е забрането и за тоа се добивале екстра удари…

Менди не е единствениот кој сакал да избега, дури и ќерката на пронаоѓачот на сектата сакала да се пресели во САД во 2018 година со нејзините деца. Таа рекла дека нејзиниот брат и тогашен лидер на сектата е поекстремен од татко и и дека децата веќе не се безбедни таму.

“Новиот рабин беше многу полош, насилно мажеше 12 годишни девојчиња. Рабинот можеше да нареди да не зборуваме со никој една година” – вели Лејви.

Лидерот на групата ја присилил неговата 24 годишна сестра да јаде храна на која е алергична, таа била исплашена да го одбие и умрела од алергиска реакција.

Тројцата браќа, вклучувајќи го и лидерот биле уапсени и чекаат екстрадиција во САД моментално, лидер на сектата е едната сестра која остана жива.

“Луѓето внатре се добри и невини луѓе, но лидерите се чудовишта. Нивните мозоци се испрани” – завршува Лејви.

Припадниците на Лев Тахор во Македонија се сместени во охридско, а во текот на вчерашниот ден еврејската заедница во Македонија ги осуди нападите кон нив како антисемитизам и дискриминација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ