(Видео) Морничава смиреност и тишина во Казахстан – Живеењето се враќа во нормала
Животот се враќа во нормала во казахстанскиот град Алмати, каде што се случија најинтензивните вооружени судири во земјата, пренесува Агенција Анадолија.
Јавниот превоз почна ограничено да функционира, а работат и големите маркети, како и пазарите.
Во централните подрачја во градот веќе не се слушаат пукотници, додека телефонските оператори почнаа повторно да функционираат.
Според веста на казахстанскиот телевизиски канал „Хабар-24“, Министерството за здравство на Казахстан соопшти дека за време на протестите во земјата животот го загубиле 164 лица.
– Протести во Казахстан
Зголемувањето на цените на течниот нафтен гас и влошената социоекономска ситуација во Казахстан предизвикаа масовни протести, кои избија на 2 јануари во западниот дел на земјата. За време на протестите дојде до судири меѓу безбедносните сили и демонстрантите, а претседателот Касим Џомерт Токаев потоа ја прифати оставката на Владата на премиерот Аскар Мамин.
Протестите за поддршка во западните градови Атирау, Актобе и Орал, каде што се наоѓаат резервите на нафта и природен гас во земјата, се проширија и во другите делови на Казахстан и се претворија во јавни демонстрации.
Како што протестите се ширеа низ целата земја претходно истиот ден, Токаев прогласи вонредна состојба во градот Алмати и во регионот Мангистау, богат со нафта на запад, за периодот меѓу 5 и 19 јануари, за да ја одржи јавната безбедност. Тој, исто така, воведе полициски час во Алмати, поранешниот главен град на земјата, каде што илјадници луѓе излегоа на улиците.
Полицијата употреби шок-бомби и солзавец за да ги разбрка демонстрантите, на што тие одговорија со камења. Пријавени се и судири меѓу полицијата и демонстрантите, како и вандализирање и палење на полициски автомобили од страна на демонстрантите.
Токаев ја прифати оставката на Владата со претседателски декрет. Подоцна, демонстрациите достигнаа национално ниво, по што следуваше вонредна состојба низ целата земја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…