(Видео) Муабет со рускиот пренкер што разговараше со британскиот министер за одбрана: Моравме да го цензурираме видеото – зборливиот министер откри премногу!
Рускиот пренкер кој ја измами одбраната на Обединетото Кралство во лажен разговор со „украинскиот премиер“ разговараше со Раша Тудеј.
Алексеј Столјаров, познат како Лексус, озлогласениот шегобиец кој го “насамари” Бен Валас, откри за РТ дека тој и неговите соработници морале сами да го цензурираат објавениот разговор со секретарот за одбрана, бидејќи зборливиот функционер очигледно можел да ја поткопа британската национална безбедност.
Столјаров рече дека е алармантно што тој и неговата група шегаџии успеале толку да се доближат до висок владин функционер и информации – „Замислете што може да направи разузнавањето“, рече тој.
Пренкерот се задеваше и дека разговарал и со министерката за внатрешни работи Прити Пател.