(Видео) Народот бара кривична одговорност за Жан Митрев – не би се лекувале во болницата: Анкета на Инфомакс за скандалот „Нечиста крв“

t

Дел од граѓаните воопшто не можеа да разговараат на таа тема бидејќи истатата е премногу болна.

ИРЛ откри дека кај многу пациенти кои се лекувале во приватната клиника „Жан Митрев“ се појавуваат интрахоспитални инфекции кои не биле пријавувани до надлежните, а за време на ковид-пандемијата се нудел неодобрен и непроверен третман, а се правеле и клинички испитувања за да се утврди дали хемофилтрацијата како метод е корисна во лекувањето на пациенти со ковид. Притоа, ниту пациентите, ниту нивните семејства, ниту државните институции не биле информирани дека третманот не е докажан бидејќи верувале во агресивните реклами на клиниката која третманот го нудела како единствен спас.

Инфомакс денеска на терен спроведе анкета за скандалот „Нечиста крв“, мнозинството од граѓаните велат дека и да би имале пари не би се лекувале во приватната болница „Жан Митрев“.

Граѓаните бараат и кривична одговорност, затворање на болницата, а можеби и затворска казна.

Речиси две недели по објавувањето на откритијата за кои ИРЛ пред јавноста понуди и докази, од институциите бараат повеќе време за да ги спроведат стручните надзори.

Сепак се чини дека народот веќе и пресуди на болницата…

Инаку во од 2017-та година до 2021 година, болницата Жан Митрев од државата има добиено околу 46 милиони евра, а од 2002 до до денес околу 145 милиони евра државни пари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Карлсон: Војната со Иран би значела крај…

Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…

Пристигнаа компресивните костуми за повредените во Кочани

Организацијата „Супорт Кочани“ денеска ја презеде првата…

Трамп: Иран требаше порано да преговара

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави на…

Се урна стар мост во Индија, има…

Четири лица загинаа, а 51 се повредени…

Луке Галески стана член на Надзорниот одбор…

Луке Галески, дел од Извршниот комитет на…