(Видео) Народот да престане да поклонува доверба “за две слатки речи”: Целата опозиција, не само ВМРО-ДПМНЕ да си ги корегира грешките
– Јас ги тргам на страна пертии, политики, зборам во интерес на државата. Дали е во интерес на државата да се организираат предвремени парламентарни избори? Дали во овој момент кога имаме војна, санкции, инфлација, недостаток на храна и гориво, зголемени цени на енергенси, сите кризи на куп. И ти сакаш да ми кажеш дека кога државите околу нас се консолидираат околу една себецентрирана политика, ние ни текна кога опозицијата начека надворешни фактори да ѝ ја изработат работаа, ќе излеземе на протести, вели уредникот на Инфомакс Александар Митовски во денешната епизода на Тешки муабети.
Што после 18ти?
Како тврдиш дека било кој ќе ја води политиката подобро од овие, јас се согласувам дека овие се идиоти, ама кој ќе ги смени, каква програма си видел од опозицијата? Економија, надворешна политика, национални интереси? Народот треба да престане да поклонува доверба и власт на некој заради две слатки речи.
Да се види минатиот труд. Опозицијата наместо да обединува, разединува, дезинтегрира коалиција.
Јас не ги бранам СДСМ, јас кажувам дека не сме виделе резултати од СДСМ туку предавства ама сето тоа можеше да се спречи во првата година и пол две. Кога потпишуваш договор за промена на името и одиш на протести во Битола не може да ми кажеш дека не си соученик. Во Собрание на предлогот да се стави Преспанскиот договор на гласање 8 души беа од ВМРО-ДПМНЕ, ако имаме ние структура која знае да работи партија немаше да се деси.
Не збориме дека ВМРО-ДПМНЕ е криво за промена на името, туку дека немаше реакција и се дозволи тоа глатко да помине. После 5 години има некаква иницијатива… Протестираа за струја кога имаме комисија за историја која сака да го шитне Гоце на Бугарија.
Јас сум одел да се “тепа” за да не ја лажираат волјата на народот, јас имам две кривични пријави за борбата со СДСМ. И ако ние треба да бираме некој кој е подобар од овие, сме се бореле за подобро, да ги срушиме овие, тогаш треба да ги кажеме сите грешки за да се корегираат грешките.
Не СДСМ да остане на власт туку опозицијата да ги промени грешките и не само ВМРО-ДПМНЕ туку цела опозиција, ГРОМ, Алијанса, БЕСА, Левица…
Каде беа албанската опозиција да го спречи Кастриот да биде предавник? Проблемот кај целокупната опозиција е што најголемата партија, ВМРО-ДПМНЕ не успеа 5 години да ги кохезира сите опозиционери и да им се постави како лидер, вели Митовски.
Следете ја емисијата во живо: