(Видео) НАСА бара доброволци за симулирање живот на Марс
Американската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА објави повик за учество во втората едногодишна програма за симулирање живот на Марс, наречена „Аналог за испитување на здравјето на екипажот и истражувањата“ (Crew Health and Performance Exploration Analog), позната под кратенката „ЧАПЕА“.
Во мисијата „ЧАПЕА 2“, којашто би требало да почне пролетта 2025 година, четворица избрани ќе бидат сместени во 3-Д печатено живеалиште од 158 квадратни метри во Хјустон, Тексас, САД. Комплексот со назив „Марс дјун Алфа“ се наоѓа во вселенскиот центар „Џонсон“ на НАСА и е изграден заради подготовки и симулирање на животот и сѐ она што би можело да го очекуваат идните истражувачи на „Црвената Планета“, каде што околината и условите се сурови, а изворите за опстанок ќе бидат ограничени.
Инаку, тука сѐ уште престојуваат луѓето учесници во првата мисија на „ЧАПЕА“, што треба да трае 378 дена.
НАСА прифаќа пријави преку страницата на мисијата „ЧАПЕА“ до 2 април оваа година. На избраните учесници ќе им биде платено. За колкава сума станува збор, не е јавно објавено.
Учесниците ќе вршат одржување на живеалиштата, одгледување овошни и градинарски култури и други задачи. Дел од живеалиштето е песокливо поле од 112 квадратни метри за симулирање на чекорењето на Марс.
За да бидат земени предвид, пријавените мора да бидат државјани на САД, на возраст меѓу 30 и 55 години, течно да зборуваат англиски јазик и да имаат завршени магистерски студии во тн. научна област „СТЕМ“ (наука, технологија, инженерство и математика). Потребни се и најмалку две години професионално искуство, т.е. 1.000 часа пилотирање авион. Одредени видови друго професионално искуство, исто така, може да биде предност.
„ЧАПЕА 2“ е втората од трите мисии што НАСА ги планира за оваа своја програма. „ЧАПЕА 1“ почна на 25 јуни 2023 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) НАСА бара доброволци за симулирање живот…
Американската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА објави…
Сондата на НАСА, со примерок од астероидот…
Сондата „ОСИРИС-Рекс“ на НАСА слета на Земјата,…
НАСА пронајде супер Земја – егзопланета која…
Научниците направија возбудливо и потенцијално огромно откритие…
НАСА покажа каде ќе живеат научниците кои…
НАСА ја претстави 3-Д печатената просторија од…
Роверот на НАСА пронашол јасни докази за…
Роверот „Curiosity“ на НАСА пронашол докази дека…