(Видео) Најмалку четворица загинати во силно невреме што ја погоди cеверна Европа
Најмалку четири лица загинаа во силната зимска бура, наречена „Малик“, која ги погоди северните делови на Европа.
Невремето денеска донесе силни налети на ветер, обилни врнежи од дожд и снежни врнежи во Данска, Финска, Норвешка и Шведска, јави АП.
Таа во саботата вечерта пристигна во нордиските земји и Германија, откако направи голема материјална штета и колапс во сообраќајот во Велика Британија, особено во Шкотска.
Во Шкотска во саботата загинаа момче и 60-годишна жена кога врз нив паднало дрво.
Во Данска, силните ветрови со дожд доведоа до привремено затворање на неколку мостови, меѓу кои и клучниот патен и железнички мост „Ересунд“, кој ги поврзува Копенхаген и шведскиот град Малме.
Данските медиуми јавија дека 78-годишна жена починала како последица на тешки повреди откако паднала поради силниот ветер.
Во Германија, локалните медиуми објавија дека еден човек загинал во саботата откако бил погоден од билборд кој попуштил поради лошото време.
Поплавите во многу делови на Данска предизвикаа значителна материјална штета.
Се наведува дека јужните делови на Шведска биле сериозно погодени, а илјадници домаќинства до попладневните часови останале без струја.
Тешка материјална штета е забележана на куќи, автомобили и чамци во Норвешка, додека обилните снежни врнежи низ Финска предизвикаа сообраќајни несреќи и го прекинаа сообраќајот во одредени делови од земјата, јави Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Невремето прави хаос – падна дрво пред…
Големото невреме и град кои вечерва го…
Снежно невреме предизвика сообраќаен хаос во Њујорк
Снежното невреме во американската сојузна држава Њујорк…
400 населени места во Украина останаа без…
Речиси 400 места останаа без струја во…
(Фото) Страшно невреме во Бугарија и Романија,…
Две лица загинаа во невремето во Бугарија…
Утре поројни врнежи и силен ветер
УХМР соопшти дека утре времето ќе биде…