(Видео) НАЈХУМАНИОТ капитален проект во државава?! Костадинов прави „град во град“ за луѓе кои не можат да си обезбедат кров над глава!
Денеска заедно со претседателот на СДСМ, Венко Филипче, со претставници на општинската администрација сме во увид на завршната фаза на вториот најголем проект во историјата на Струмица, после јавниот превоз, а тоа е социјалната населба со цел дислокација на дивоизградената населба на Климент Охридски, истакна денеска на прес-конференција градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
– Едно што се дивоградби, друго што живеат на тотално небезбедна локација. Сите сочувствуваме, како Општина првата фаза е реализирана со износ од 100 милиони денари, гледате дека се поставени потпорни ѕидови, улично осветлување, изградена е улицата, има нов тротоар. Ова не ги решава проблемите само на оваа социјална населба туку и проблемите со водоснабдување од горниот дел од градот.
Веќе сме подготвени за отпочнување на првиот дел од третата фаза. Од секторот за урбанизам изготвени се проекти, треба да бидат 118 на број но изготвени се 26 куќи, кои согласно вториот повик распишан од Министерството за локална самоуправа, ние имаме аплицирано и се надеваме дека Владата ќе се издигне над тесно-партиските интереси и ќе поддржи крупни капитални проекти за граѓаните и граѓанките на Струмица, рече Костадинов.
Градоначалникот додаде дека Струмица станува регионален економски, социјален и хуанитарен центар. Костадинов додаде дека Струмица е прва општина на Балканот со целосно електричен јавен превоз, општината субвенционира автобуски билети, прва општина со реализирана гасификација, а додаде и дека приклучокот за гас е целосно субвенциониран од Општината, реализирана е примарна велосипедска мрежа, субвенции за велосипеди и слично.
Силно и посветено продолжуваме понатаму, истакна Костадинов.
На прашање на медиумите колку чини овој проект со кој Струмица аплицирала за средства од унгарскиот кредит, Костадинов одговори:
– 34 милиони денари за 26 социјални куќи, но согласно методологијата на Струмица и следуваат за 2024 година 428 милиони денари и согласно методологијата изработена од страна на Владата, со такви проекти аплицираме. Станува збор за социјалната населба, но имаме дополнително 12 апликации за многу важни проекти за Струмичани, објасни Костадинов.

Ова ќе биде целосно нова населба, мини град во град, истакна лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој упати честитки за работата на Општината и градоначалникот поради хѕуманиот проект кој обезбедува хумани услови за живеење на луѓе кои не можат да си дозволат сами да обезбедат кров над глава.
– Сметам дека квалитетот на животот на тие луѓе значајно ќе се зголеми, а ќе се решат и инфраструктурни проблеми, водоснабдување и слично. Ова е само еден во низата крупни проекти, пазарот, електричниот јавен превоз, автобуски и слично. Посакувам и во иднина успешни проекти, истакна Филипче.