Објавено на:

(Видео) На Бајден му се спуштија осигурачите: Пред цел свет опцу новинар на Фокс Њуз

t

– Американскиот претседател Џо Бајден вчеравечер на настан во Белата куќа опцу новинар на „Фокс њуз“, откако беше прашан за влијанието на зголемената инфлација врз овогодишните конгресни избори.

Имено, на крајот од состанокот на Советот за конкуренција на Бајден, дописникот на „Фокс“ од Белата куќа, Питер Дуси праша дали инфлацијата е политичка одговорност? – Тоа е голема предност – поголема инфлација, саркастично одговори Бајден, веројатно несвесен дека неговиот микрофон сè уште е вклучен, додавајќи – Каков глупав „кучкин син“!

Потрошувачките цени во САД значително се зголемија во декември, забележувајќи го најголемиот годишен пораст на инфлацијата во последните речиси четири децении. Помалку од еден час по инцидентот, Бајден наводно му се јавил на Дуси на мобилен телефон и му објаснил дека „не било ништо лично“. Бајден положи заклетва пред една година со ветување дека ќе заземе цврст став против секој и најмал знак на грубост меѓу членовите на неговата Администрација.

– Ако некогаш работите со мене и се однесувате со своите колеги со непочитување и понижување, ветувам дека веднаш ќе бидете отпуштени, без никакво „ако“, или „но“. Секој има право на почит и достоинство, рече тој во една прилика. Претходникот на Бајден, републиканецот Доналд Трамп, беше познат по вербалните напади врз новинарите.

Дуси го следи Бајден долго време и често му поставува скептични и критички прашања. „Фокс њуз“ е критичен кон Бајден и демократите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…

Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…

САД се налутија: Косово ги загрозува можностите…

Соединетите Американски Држави оценија дека со континуираните…

САД ѝ се заканија на Турција со…

Помошникот на шефот на американското Министерство за…

Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…

САД: Неонацистичка група има намера да се…

Предизборната кампања во САД се соочи со…