Објавено на:

(Видео) На денешен ден – бомбардиран РТС

t

Пред 23 години во бомбардирањето на зградата на РТС загинаа 16 вработени.

Во бомбардирањето на НАТО на зградата на Радио телевизија на Србија (РТС) во Белград, на денешен ден пред 23 години загинаа 16 вработени во Јавниот сервис, што беше прв случај медиумската куќа да биде прогласена за легитимна воена цел.

Во нападот ноќта меѓу 22 и 23 април во 2.06 часот загинаа Јелица Мунитлак (27), Ксенија Банковиќ (27), Дарко Стоименовски (25), Небојша Стојановиќ (26), Драгорад Драгојевиќ (27), Драган Тасиќ (29). Александар Делетиќ (30), Славиша Стевановиќ (32), Синиша Медиќ (32), Иван Стукало (33), Дејан Марковиќ (39), Милан Јоксимовиќ (47), Бранислав Јовановиќ (50), Милован Јанковиќ (59), Томислав Митровиќ (61) и Слободан Јонтиќ (54).

Во 2000 година, меѓународната организација за човекови права, Хјуман рајтс воч, објави дека нема оправдување за бомбардирањето на телевизијата.

Лидерите на НАТО тврдеа дека нападот е оправдан, а специјалната комисија на Хашкиот трибунал, која го истражуваше и случајот со бомбардирањето на РТС, не му предложи на обвинителството да покрене кривична постапка.

Поранешниот директор на РТС, Драгољуб Милановиќ, во 2002 година беше осуден на 10 години затвор бидејќи не ја почитувал наредбата на тогашната сојузна влада за преселување на вработените и опремата од објектите на улиците Абердарева и Хиландарска.

Во спомен на жртвите, во белградскиот парк Ташмајдан, во близина на зградата на РТС, беше подигнат споменик „Зошто?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа…

Украина дозволи двојно државјанство за справување со…

Парламентот на Украина денес усвои нов закон…

Евакуирани дел од американските дипломати во Израел

Двајца американски претставници велат дека владин авион…

Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…

Утре ќе има боево гаѓање кај делчевското…

Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре…