(Видео) На денешен ден се случи голема трагедија: Се урна авионот на авиокомпанијата – Палер Македонија
На 5 март 1993 се урна авионот на македонската авиокомпанија – Палер МК, од типот фокер 100, веднаш по полетувањето од Скопскиот аеродром. Се урнал на 400 м. од пистата.
Вкупно 83 луѓе, од кои 79 патници и 4 членови на екипажот загинале, додека 14 луѓе преживеале. Во времето на несреќата, таа била најфаталната авионска несреќа во Македонија. Неколку месеци подоцна се случила уште една авионска несреќа, со поголем смртен исход, кога Јаковлев Јак-42 се урна близу Охрид.
-Имав голема среќа што бев во опашката на авионот каде што силината на тресокот беше најслаб. Уште додека се залетуваше авионот почувствував дека нешто не е во ред. Авионот силно вибрираше и само што се крена почна да паѓа. Тогаш имав 22 години и си помислив зарем сега ми завршува животот, изјавил Зоран Ацковски, единствен преживеан член на екипажот на авионот на Палер за македонските медиуми во тоа време.
Веднаш по полетувањето во 11:11 часот авионот не успеал да ја достигне потребната висина, а причината била мраз на крилата. Временските услови биле со 900 метри видливост, но паѓало снег. Истрагата покажала дека причината за падот, на само 400 метри од пистата, биле пропусти во процедурата за одмрзнување на мразот на крилата. За мраз биле проверени само почетните делови на крилата каде бил востановен снег кој не претставувал опасност бидејќи веќе се топел.
Ниту пилотите, ниту лицата задолжени за одмрзнување не знаеле дека горивото сместено во крилата било со многу ниска температура и допринело стопениот снег да се претвори во мраз додека авионот чекал дозвола за полетување.
Во времето на несреќата, таа беше најголемата авионска несреќа во Република Македонија. Неколку месеци подоцна се случи уште една авионска несреќа, со поголем смртен исход, кога авион од типот „Јаковлев Јак-42“ се урна близу Охрид, при што загинаа 116 луѓе. (Крај)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…