(Видео) „На здравје кафето градоначалниче, следен пат дојдете да се борите за Пелагонија“ – Луѓето протестираат, Коњановсен си пие кафе!
Битолчани денеска во 20 часот по дванаесетти пат протестираа против регионална депонија, а за време на протестот го начекаа градоначалникот Тони Коњановски како си пие кафе.
Во продолжение порака која Инфомакс ја доби од битолчани:
– Денес во 20:00 часот имаше 12ти последователен протест против депонијата во Пелагонија. На протестот се обрати и адвокатот од Прилеп кој изрази поддршка низ институционалните лавиринти во понатамопната борба против депонијата. Во текот на маршот беше начекан и градоначалникот Коњановсен како лагано си пијуцка кафенце во една кафетерија на Широк Сокак. Културно беше поздравен од протестантите, и беше поканет да присуствува на следниот протестен собир. Се разбира, на лицето немаше апсолутно никаква емоција, не одговори никако освен со климање со главата.
Имено, проектот е сé уште непознат, никој го нема видено, никој не го објавува јавно.
Советот на општина Новаци не ја стави како точка на гласање иницијативата за спроведување на референдум во Новаци, одложи за неделава, но не е познато засега кога ќе се гласа.
Она што е познато, и допрва ќе биди објавувано, во затворени камиони се носи ѓубре од Кичево до постоечката депонија во Мегленци. Ќе има активисти на терен кои ќе снимаат и објавуваат. Ф
Протестите во Битола продолжуваат, секоја среда во 20:00 часот на плоштад Магнолија. – стои во пораката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Вака изгледаат 500.000 евра во Битола:…
500.000 евра чинела патеката која се сопнува…
ХОРОР во Битола! Внука се обидела да…
Внука се обидела да ги убие сопствените…
24 години од нападот кај Гајре, во…
Денес се навршуваат 24 години од нападот…
МОН ќе чека да заврши кривичната постапка,…
Од Министерството за образование и наука денеска…
Газди од Битолско измамиле 27 земјоделци, ги…
Сопствениците на компанија од Битолско ќе одговараат…