(Видео) На оваа власт треба да ѝ се случи народ за да научи како да се однесува: Повеќе се секираат за Украинците отколку за македонските државјани во Украина!
Инфомакс вечерва беше на терен за да ја долови ситуацијата на бензинските пумпи низ Скопје, но горивата не беа единствена тема. Александар Митовски и Милош Милошевски зборуваа за актуелната ситуација во градежниот сектор, македонската економија, македонските државјани во Украина и македонските камионџии кои се заглавени на границата на Украина со Полска веќе 11 дена.
“Ние треба да предвидиме како ќе помогнеме на градежниот сектор кој е еден од секторите кои ја движат економијата. Железото е неколкукратно зголемено, сега градежниците дали ќе можат да ги довршат започнатите згради, ако ги завршат цените на становите во Скопје ќе бидат малку повисоки.
Банките нема да можат да даваат кредити како досега, каматните стапки ќе се зголемат, може нема да ги наплатат кредитите, не можеме да издадеме ни државна обврзница како држава, економијата имплодира.
Ова е ситуација која не е издржлива и мислам дека оваа власт ќе мора да се соочи малку со народ за да знаат како да се однесуваат, јас не повикувам на тоа ама ќе се случи.
Следен чекор е самороцветуцање на сива економија, непријавен трансфер на пари, никој нема да плаќа придонеси за здравствено и пенсиско осигурување, ќе се шверцува нафта и државата ќе остане само на овие давачки и акцизи.
Владата очекува од ситуација кога одбиваше да се соочи со фактот дека ќе има криза, да го прескокне револтот на народот и ние да прифатиме дека овие цени се зголемуваат бидејќи е фактичка состојба.
Министерот за надворешни го повика рускиот амбасадор заради објавите на Фејсбук од руската амбасада. Во исто време имаме два македонски камиони запленети од Украина на граница со Полска, зошто му ги заплениле камионите? Човекот вчера гостуваше, му заплениле камиони во вредност од 200.000 евра, неговата фирма најверојатно ќе пропадне.
Илјада пати го контактиравме министерот кој ги разбира украинските граѓани и повеќе се секира за нив отколку за нашите државјани таму.” – велат Александар и Милош.
Погледнете го видеото на следниот линк: https://fb.watch/bCdfyAO93b/
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вечерва „Тешки муабети“ со Оливер Андонов
Вечерва во 21.30 часот не пропуштајте ја…
Вечерва во 18 часот „Политиканти“ со Бујар…
Вечерва во 18 часот не пропуштајте ја…
(Видео) Фрчкоски: Францускиот предлог е подобар од…
Францускиот предлог е подобар од Преспанскиот договор,…
(Видео) Не е навреда ако навредува премиерот!…
Не е навреда ако навредува премиерот, без…
Вечерва во 21.30 часот „Тешки муабети“ со…
Не пропуштајте ја денешната епизода на „Тешки…