Објавено на:

(Видео) НЕВЕРОЈАТНА СНИМКА: Атрактивна Бугарка која краде по автобуси се заглави при обид да побегне – низ прозорец!

t

Неверојатен инцидент се случил во градски автобус во Солун, каде главна улога има Бугарка која оперирала крадејќи од патниците. Како што јавуваат грчките медиуми, инцидентот се случил во автобус на на авенијата Василисис Олгас. Во автобусот се качила жена од Бугарија, добро облечена со уреден изглед, русокоса, слаба и со релативно ниска висина.

Жената влегла во автобусот на постојката Аналипса и неколку секунди подоцна се обидела да украде паричник од женска чанта, но била забележана.

Возачот веднаш штом го забележал инцидентот го запрел автобусот и жената веднаш го вратила паричникот на сопственичката. Потоа се обидела да најде време и да побегне преку полуотворениот прозорец во задниот дел од автобусот и се обидела да избега преку него бидејќи вратите на автобусот биле затворени.

Патниците се обиделе да ја спречат и да ја задржат, но жената була упорна и на крај некако успеала да го напушти автобусот трчајќи во непознат правец. Зад неа го оставила капчето кое го носела, кутија цигари и две запалки.

За инцидентот веднаш била известена полицијата која започнала претреси во околината за нејзино лоцирање. Погледнете го неверојатното видео:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп побара „безусловна капитулација“ од Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп побара „безусловна капитулација“…

Израел нема да прекине додека не го…

Израелската операција против Иран „нема да заврши…

Израел со 60 авиони го нападна Иран

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…

Израелски тенк пукал во толпа и убил…

Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…

Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…

Повеќе од шест месеци – уште од…