Објавено на:

(Видео) Неверојатно откритие: Пронајден одамна исчезнатиот брод на легендарниот капетан Кук

t

СВЕТ(Видео) Австралиски научници тврдат дека го пронашле изгубениот брод на капетанот КукОбјавено пред 10 часа – 3 февруари, 2022Од Макфакс

Австралиски научници тврдат дека го пронашле изгубениот брод на капетанот Џејмс Кук.

Кевин Сампшн, извршен директор на Австралискиот национален поморски музеј, изјави пред новинарите дека експертите, конечно, го пронашле овој познат брод по повеќе од две децении пребарување.

„Дефинитивно, можеме да потврдиме дека ова е потонатиот брод ‘Ендевор’. Ова е важен момент. Тоа е веројатно еден од најважните бродови во нашата поморска историја“, рече Сампшн.

„Ендевор“ бил бродот на британскиот истражувач Џејмс Кук, кој пловел по Тихиот Океан помеѓу 1768 и 1771 година. Со него тој открил области во светот што во тоа време беа во голема мера непознати за Европејците, вклучувајќи делови од Австралија и Нов Зеланд, пишува „Скај њуз“.

Но, во 1775 година бродот веќе бил во прилично лоша состојба и бил продаден на приватен сопственик, кој го преименувал во „Лорд Сендвич“. Бил потопен од британските сили во 1778 година во пристаништето Њупорт на Род Ајленд. Научниците ја истражуваа областа во последните 22 години и детаљно проверуваа неколку урнатини на локацијата. Тие го споредија нивниот изглед со скиците на „Ендевор“ и го анализираа потеклото на материјалот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос во цел свет: Откажани се летови,…

Голем број компании, банки, медиуми и авиокомпании…

Путин: Русија ќе продолжи да ја јакне…

Русија планира да продолжи да ја развива…

Захарова: Каде е Западот да даде безусловна…

Изјавата од канцеларијата на генералниот секретар на…

Глобалното производство на нафта опадна нагло за…

Глобалното производство на нафта опадна нагло за…

Гутереш: Конфликтите ширум светот се „смртоносен гладен…

Животот на милиони луѓе зафатени од конфликти…