(Видео) Невидено понижување во Кина за германската шефица на дипломатијата: Излезе од авионот и сама остана на пистата

t

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок пристигна во Кина во период кога односите меѓу Берлин и Пекинг се позатегнати од кога било. Но, веќе по нејзиното пристигнување во Пекинг, Баербок беше пречекана со „ладен“ прием – или, поточно, целосно отсуство на каков било службен пречек.

На социјалните мрежи се шири видео коешто ја прикажува министерката како излегува од авионот и збунето гледа наоколу очекувајќи протоколарен пречек, но службените кинески претставници ги немаше никаде. Во моментот кој беше најмногу коментиран, Баербок продолжи да чекори сама, видно изненадена од отсуството на делегацијата која требаше да ја поздрави.

https://x.com/MonitorX99800/status/1850859339721875599?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1850859339721875599%7Ctwgr%5Ed8c9aca989ae48ab71ad1d595b3a612db5029871%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fadmin%2Fnews%2F497706%2Fedit

Овој инцидент многумина го гледаат како порака од Пекинг, која доаѓа по серија тензии и дипломатски размени. Баербок претходно предизвика реакција на кинеските власти откако на јавни настапи Кина ја нарече „ривал“, а претседателот Си Џинпинг „диктатор“.

Пекинг одговори остро, опишувајќи ги нејзините изјави како „апсурдни и провокативни“ и итно го повика на разговор германскиот амбасадор во Кина. Овој инцидент со пречекувањето сугерира дека кинеските власти не ги заборавиле тие зборови.

Во сенка на царинската војна
Германското противење на планираните царини на ЕУ за кинеските електрични автомобили дополнително ја закомплицираа дипломатската заднина на посетата. Иако ЕУ се подготвува да воведе казнени тарифи за кинеските електрични автомобили поради конкурентските притисоци, Германија гласаше против мерките, иако самата Баербок, членка на германската Зелена партија, ги поддржа тие санкции.

Според извештаите, Баербок се обидела да „испрати сигнал против кинескиот режим“ и да покаже поцврст став на Берлин спрема Пекинг. Меѓутоа, канцеларот Олаф Шолц одлучи поинаку, насочувајќи го германскиот глас против царините, што резултираше со внатрешни несогласувања во владата.

Одлуката на Германија предизвика дебата во рамките на германската коалиција, бидејќи Зелените се залагаат за поцврст став кон Кина, додека партијата на Шолц „СПД“ покажува поголема претпазливост во своите постапки спрема оваа економска сила. Ева Зајверт од Берлинскиот институт „MERICS“ смета дека Зелените, во споредба со другите коалициски партии, се повеќе фокусирани на ривалството со Кина и дека силно го поддржуваат единствениот пристап на ЕУ во надворешната политика кон Кина.

Историја на „затегнати“ односи
Овој потег на Кина доаѓа откако висок функционер на кинеската Комунистичка партија, Лиу Џианчао, престојуваше во Берлин кон крајот на минатиот месец. Лиу имаше средби со водечките членови на германската владејачка коалиција и од опозициската партија „CDU“, но не се сретна со ниту еден претставник на Зелените, и покрај тоа што и тие се дел од владејачката коалиција.

Аналитичарите веруваат дека тоа беше симболичен потег на Кина со кој сакаше да го покаже своето несогласување со тврдокорниот став што Баербок и Зелените го заземаат спрема неа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Богат си ако живееш до Сити Мол…

Пазарот на недвижности во Македонија, особено во…

(Видео) Невидено понижување во Кина за германската…

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок…

Сопругата на Трамп си ја отвори душата…

Меланија Трамп, сопругата на поранешниот американски претседател…

СЕ РУШИ ИСТОЧНИОТ ФРОНТ.. Русите влегоа во…

Источниот фронт на Украина во Доњецк штотуку…

Трамп: Јас сум спротивност на нацистите, Камала…

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат Доналд…