(Видео) Независниот аналитичар Алберт Муслиу “пропаднал” 2 милиони евра пари на Евреите од Македонија – За возврат добил огромна сума пари од Еуростандард банка пред да пропадне?
Во Тешки муабети, уредникот на Инфомакс, Александар Митовски откри скандал на независниот аналитичар Алберт Муслиу кој депонирал огромна сума на пари од Фондот на Холокаустот во Еуростандард банка.
“Пред два дена беше одбележана 74 годишнина од траспортирањето на македонските Евреи во Треблинка. Како ќе го класифицираме потегот на независниот аналитичар Алберт Муслиу, извршен директор на фондот на Холокаустот на Евреите во Македонија. Во своето директорување во Фондот Муслиу има депонирано околу 2 милиони евра во Еуростандард банка. За возврат банката му дава кредит од пола милион или 750.000 евра без никаква обврска.
За два месеци од депонирањето на парите на Евреите, Еуростандард банка пропаѓа, Муслиу парите од кредиот ги земса, ниту тој треба да врати пари на банката ниту банката може да ги врати парите на Евреите од Македонија.
Инаку Муслиу е познат по неговата градежна дејност, гради низ повеќе градови во Македонија.
Како ќе го дефинираме ова како антисемитизам, нацизам, фашизам или обичен организиран криминал?” – прашува Александар Митовски.
Следете ја емисијата во живо на следниот линк: https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/278217804494610