(Видео) Незгодно прашање од Инфомакс го остави Бислимовски без коментар: Кажа сè освен дали фунцкионерите се нелојани конкуренти на пазарот за електрична енергија
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, на денешната прес-конференција во одговор на прашањето на Инфомакс дали имал притисок за издавање лиценци за работа на компании од енергетскиот сектор во сопственост на родини на функционери, вели дека таков притисок немало.
– Ние не гледаме дали фирмата е на некој или на било кој, РКЕ е претрупана со лиценци, имаме систем на работа, само за овие први два месеци имаме издадено 88 лиценци и сите овие лиценци не добиваат субвенции од државата, електричната енергија ја продавата на слободниот пазар на електрична енергија и од тој аспект немаме никаков конфликт на интереси, вели Бислимовски.
Тој не огдовори дали има нелојална конкуренција со оглед на тоа што функционерите ги планираат идните чекори во објаста на енергетиката кои ќе ги преземе државата, додека останатите компании кои немаат блиски врски со власта таквите информации. Според него тоа што продаваат електрична енергија на слободниот пазар е доволно за да не се наруши конкуренцијата.
Со почетокот на енергетската криза во државата, голем број членови на семејствата на функционерите започнаа сопствени бизниси токму во овој сектор.
На листата новопечени бизнисмени се запиша фамилијата на струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов.
Зетот за сестра на Костадинов, Никола Милушев последните неколку месеци за прв пат зачекорил во бизнис светот, основајќи дури пет фирми – две за производство на електрична енергија, две за градежништво и една автошкола!
Венцислав Бочварски, таткото на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, е управител на новоформираната фирма за производство на електрична енергија Техно Енерџи, претходно сопругата на премиерот Ковачевски започна сопствен бизнис со фотоволтаици, а исто така и синот на поранешниот премиер Заев, Трајче Заев.
Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во неговиот анкетен лист поднесен до Антикорупциската комисија уште пред да дојде на сегашната функција било пријавено дека неговата сопруга има инвестирано во изградба на фотоволтаична централа. Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека тоа е инвестиција на неговата сопруга, за што вложила нејзини сопствени средства.
ЛИНК од видеото – прашањето на Инфомакс може да го слушнете во 12. минута.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ да соработува за да избегне енергетска…
Економски истражувачи од различни земји ја повикаа…
Почна интервјуирањето на 42-та кандидати за новиот…
Собраниската Комисија за прашања на изборите и…
Дизелот поефтинува за 2,5 денари, од полноќ…
Регулаторната комисија донесе одлука со која се…
Почна амандманската расправа за Предлог Деловникот на…
Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања…
Марија Јаничевска е предложена за директорка на…
Марија Јаничевска е предлог за директорка на…