(Видео) Нека разбере цела Европа дека постои Македонија, а не јужна Србија: 88 од атентатот на Александар I Караѓорѓевиќ во Марсеј

Марсејскиот атентат е извршен на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Тој е еден од најдобро организираните атентати во XX век, којшто по многу нешта претставува настан што предизвика пресвртница во меѓународните односи и го означи почетокот на активностите што биле вовед во Втората светска војна.
Извршител на атентатот бил Владо Черноземски, член на Внатрешна македонска револуционерна организација. Тој, во текот на нападот, смртно го погодил кралот Александар I Караѓорѓевиќ со четири куршуми, а со еден куршум го ранил францускиот министер за надворешни работи Луј Барту, кој починал од од здобиената повреда.
Черноземски ја напуштил Бугарија во летото 1932 година, по наредба на ВМРО и местото на неговиот престој не било познато. Веројатно од тогаш започнале и подготовките за извршување на атентатот врз кралот Александар. Непосредните соработници на терористот на ВМРО во извршувањето на атентатот биле членовите на усташката организација Мијо Крал, Иван Рајиќ и Звонимир Поспишил, додека непосреден раководител на акцијата бил еден од првенците на оваа хрватска организација, Еуген Кватерник. Завршните подготовки за атентатот започнале во Швајцарија кон крајот на септември 1934 година.
За учеството во атентатот врз кралот Александар Караѓорѓевиќ и францускиот министер за надворешни работи Луј Барту, на Звонимир Поспишил, Мијо Крал и Иван Рајиќ судот им изрекол казна доживотен затвор со присилна работа. Во отсуство, смртна казна им била изречена и на водачите на усташката организација Анте Павелиќ и Еуген Кватерник што имало за цел да ги задоволи и смири југословенските државно-политички кругови.
Атентатот врз кралот Александар Караѓорѓевиќ претставувал врв на сите убиства што ВМРО ги извршила во периодот помеѓу двете светски војни.

Атентатот извршен од страна на Черноземски е опеан во песната “Слушај бре кралу” во која Черноземски му порачува на Александар “Нека разбере цела Европа дека постои Македонија, а не јужна Србија!”.
Во продолжение текстот од песната:
Слушај бре кралу
(За кралот Александар)
Ај големо чудо, чудо бре станало
на деветти октомври,
кралот ми тргнал, кралот Александар,
за во града Марсеја,
по море да оди, побргу да стигне,
сојуз да направи.
Ај што ми кинисал по море широко
со параходите.
Таму го пречекал министерот Барто
со генералите.
Сојуз ќе прават, сојуз душмански,
против жална Македонија.
Таму во кафана тројца Македонци
тока ми правеја,
Тока правеја, коцка фрлаја,
кој на кралот ќе пука?!
Тока правеја, коцка фрлаја,
кој на кралот ќе пука?!
Ајде малерозна коцка ми падна
на Владо Црноземски,
малерозна коцка ми падна
на Владо Црноземски,
ајде малерозна коцка ми падна
на Владо Штипјанчето.
Тогаш ми Владо букет в раце зеде,
пиштол внатре му стави,
пиштол внатре стави, почна пат да прави,
за до кралот да дојди,
и од букетот куршуми фрчат
– кралот мртов падна.
Слушај бре кралу, кралу Александар:
“Еве ти ја Македонија!
Нека разбере цела Европа
дека постои Македонија!
Дека постои Македонија,
а не Јужна Србија!”
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вашингтон Пост: СБУ го организираше убиството на…
Вашингтон Пост цитирајќи изјави напишаа дека за…
(Фото) Обид за атентат врз Роберт Кенеди:…
Вооружениот човек кој носел полициски беџ и…
27 години од атентатот врз Киро Глигоров:…
На денешен ден пред 27 години врз…
Косовската влада потврди: Планиран бил атентат врз…
Владата на Косово потврди дека имала информации…
БОМБА: Обид за атентат на Путин?! Поставен…
Телеграм каналот SVR General SVR кој е…