(Видео) Нема Македонец што нема да пушти солза: “Ќе почнам да ви кажувам за нашата убава земја, за Македонија”

t

“Ќе почнам да ви кажувам за нашата убава земја, за Македонија” – реченица на која се сеќаваат постарите, а и помладите генерации кои пораснаа со мини-серијата “Курирот на Гоце” премиерно емитувана во 1978. година.

Гоце Делчев е постојано актуелна тема во Македонија, особено откако источниот сосед реши да измисли проблем кој порано не постоел, а тоа е заедничката историја на Македонија со Бугарија.

Во целиот проблем некако главна тема е Гоце Делчев и неговата националност. Бугарија тврди дека еден од најголемите Македонци на сите времиња е Бугарин.

Таа теза доколку порано се протнувала тивко, сега на голема врата влегува низ Македонија, а тоа го тврдат и офицјални претставници на Бугарија, европратеници, пратеници во бугарското Собрание, политичари, таканаречените “македонски Бугари”.

Во пресрет на одбележувањето на 151-годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев, во пресрет на ноќната стража која се организира вечерта на 3 кон 4 февруари, се надеваме дека ова кратко видео ќе го разбуди македонскиот дух во вас, ќе почувствувате како ви доаѓаат солзи кога слушате:

“Ќе почнам да ви кажувам за нашата убава земја, за Македонија”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…