(Видео) Необичен триаголен авион снимен во Кина
Во последните денови, глобалната воздухопловна заедница, како и одговорните за безбедноста, беа изненадени од видеата од кинеската провинција Ченгду. На нив е прикажан голем и досега непознат воен авион со триаголен облик кој лета речиси без звук, пренесува Ал Џезира.
Иако снимките прво се појавија на кинеските социјални мрежи, а малку подоцна и на западните, јасно е дека всушност Пекинг официјално дозволи снимките да се шират како јавна порака до Западот, пред се до Вашингтон.
Самиот авион најверојатно е продолжение на развојот на кинеските таканаречени стелт ловци, бомбардери со намалена радарска видливост, како што е веќе познатиот „Shenyang J-35A“. Експертите наведуваат дека новиот авион би можел дури и да има способност да лета во стратосферата на Земјата, на височини од повеќе од педесет илјади метри.
Она што може да се види од неколку кратки видеа е дека новиот авион нема вертикална опашка за стабилизација на летот и има интегрирано лежиште за оружје во внатрешноста на трупот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: САД постигнаа трговски договор со Кина!
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е…
Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…
Целта на Пекинг е да ги најави…
САД и Кина започнаа нова рунда трговски…
Кина и САД започнаа нова рунда трговски…
САД исплашени од „кинеската суперамбасада“ во Лондон,…
Белата куќа ја предупреди Даунинг стрит (Владата…
Девизните резерви на Кина пораснаа на 3,28…
Девизните резерви на Кина достигнаа 3,28 трилиони…