(Видео) Така правеле во Канада? Неофицијално, Лисиче ќе се бетонизира со околу 30 згради! Муцунски тајно и набрзинка сака да протурка ДУП-ови!
Градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, си купува ниви, па ги прави градежно земјиште, вцртува таму ДУП-ови со девет згради 10-12 ката, а неофицијално дознаваме дека во цело Лисиче се планираат околу 30 згради, објаснува во денешната епизода на Тешки муабети, советникот на Левица во Аеродром, Горан Костовски – Чиз.
-Ние дознаваме од самите жители во Лисиче дека градоначалникот си пуштил оглас за јавна анкета во школото во Лисиче и жителите таму пополнуваат дали се сложуваат со ДУП-от.
Тоа не беше поминато на Совет, допрва треба да поминува и беше ставена на кратко време, две недели да се пополнуваат анкетните листови, очигледно се сакало да не се дигне џева за десетте овие згради, а ние знаеме дека има и други.
Анкетата не беше никаде објавена, ни на Фејсбук, таа треба јавно објавена да биде, ни на огласна табла на општината немаше, имало низ Лисиче на две-три скришни места дека ќе има анкета. Видел некој од жителите и ни кажа на нас, проверивме во секторот за урбанизам и точно е дека се прават згради.
На овој блок кај што се планирани девет згради од 10 до 12 ката, се планира уште еден блок да се нацртаат исто такви згради и во центарот на Лисиче, кај трговскиот, или пазар што е и таму се планирани 5-6 згради.
Граѓани кои отишле во школото се жалат дека не ги пуштале да го пополнат, можело само до четири часот, а луѓето се до четири на работа. Нема онлајн верзија да се симне ПДФ-формат па да се пополни и да се однесе во општината.
Лисиче од населба за семејни куќи ќе стане бетонизирана населба, според нашите информации околу 30-тина згради ќе се градат, а се фалеше дека ќе прави паркови, ама ништо од зеленилото, објаснува Чиз кој додава дека членови на ВМРО-ДПМНЕ бараат помош од Левица за решавање на проблеми во општината.
-Во општина Карпош има предлог-анкета план во кој се предвидува изградба на црква, ново школо и градинка и две станбени згради. Тие протестираа, проблемот е што таму живее Мицкоски и проблем му е што таму ќе има две згради, а таму треба да се прави соборна црква за општината.
ВМРО-ДПМНЕ организираше протести, носеа луѓе од Ѓорче Петров, ја креваа темата, правеа фами таму, а сега не им пречи во Аеродром да се гради, додава Александар Митовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Муцунски ќе одлучува дали членовите на Антикорупциска…
Членовите на Државната комисија за спречување корупција…
Жители на Аеродром контра ЕВН: 19 часа…
Делови од Аеродром се уште немаат електрична…
ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…
„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…
Митовски: Никогаш, никому американците не влепиле ваков…
Не дека многу ги почитувам или поздравувам…
(Фото) Левица прашува дали директорката на „Лазо…
ДАЛИ ДИРЕКТОРКАТА НА ООУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ ВРШИ…