Објавено на:

(Видео) Несовесен возач како темпирана бомба – возел со полна брзина во контра правец кај Бујановац

t

Несекојдневна и многу опасна сцена е снимена во неделата на автопатот кај Бујановац. Возач на автомобил вози со полна брзина во спротивна насока, додека му наидуваат други возила.

Како што можете да видите на видеото, автомобилот се движи во спротивна насока кон Ниш и со вклучени сите четири светла, додека покрај него поминуваат возила кои се движат во вистинската насока.

Овој несовесен возач го снимиле патници од друг автомобил и го споделија на социјалните мрежи, по што се создаде лавина од коментари.

„Ова се случува само во Србија“, „Убиец на пат“, „Трајно одземање на дозволата“…

Не е познато дали за овој страшен прекршок ќе биде казнет, но за жал, ова е уште еден прекршок во низата возење во спротивна насока, кои често завршуваат трагично.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари: Пациентката не починала од тоа што…

Министерот за здравство, Арбен Таравари, по посетата…

(Видео) Несовесен возач како темпирана бомба –…

Несекојдневна и многу опасна сцена е снимена…

Москва: Ќе испратиме јасен сигнал до Берлин

Одговорот на Москва на одлуката на германските…

Зеленски: Операцијата во Курск има за цел…

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека…

Русија: Американски бомбардер опасно се приближи до…

Воен авион на коалицијата предводена од Соединетите…