(Видео) Нетанјаху удри по Абас: НЕ Е ВИСТИНА ДЕКА ИЗРАЕЛ ГО ИЗВРШИ НАПАДОТ НА 7 ОКТОМВРИ!

t

Премиерот Бенјамин Нетанјаху ја критикува палестинската управа поради тврдењето во кое го обвинува Израел за масакрирање на сопствените цивили на 7 октомври.

„Денес, палестинските власти во Рамалах кажаа нешто крајно глупо. Негираше дека Хамас го извршил ужасниот масакр на природниот фестивал во близина на Газа“, вели Нетанјаху во видео изјава објавена на хебрејски и англиски јазик. „Всушност го обвини Израел дека го изврши тој масакр. Ова е целосно извртување на вистината“.

Нетанјаху вели дека , Махмуд Абас, „кој во минатото го негираше постоењето на Холокаустот, денес го негира постоењето на масакрот на Хамас и тоа е неприфатливо“.

„Мојата цел е денот откако ќе го уништиме Хамас, секоја идна цивилна администрација во Газа да не го негира масакрот, да не ги едуцира своите деца да станат терористи, да не плаќа за терористите и да не им кажува на своите деца дека нивната крајна цел во животот е да се види уништувањето и распаѓањето на државата Израел“, вели тој. „Тоа не е прифатливо и тоа не е начин да се постигне мир“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИДФ: Ликвидиpан виcок функционеp на Xамаc

Израелската армија (ИДФ) и разузнавачката служба Шин…

Директна закана од Израел: „Брзо да го…

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…

Израел објави, 19 повредени во нападот на…

Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…

Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…

Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…