(Видео) „НЕ“ ама на грчки: Како Мицкоски тврдеше дека нема да поддржи било какви уставни измени за влез на Бугарите во Уставот!
Не така одамна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски тврдеше дека нема да поддржи никакви уставни измени кои се со цел внесување на Бугарите во македонскиот Устав.
Во изјава за време на протестите против францускиот предлог на кои носеше маичка со зборот „НЕ“, Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа и нема да поддржи никакви уставни измени.
-Доколку Владата донесе одлука за која ние силно протестираме и велиме да биде таа не тогаш парламентот е тој кој што одлучува. Јас силно ве уверувам дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи било какви измени тоа да бидете сигурни и македонската јавност да биде сигурна дека што и да се случува понатаму со ова национална предавство и катастрофа која ја подготвува Владата на СДСМ и ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ во парламентот тоа нема да го прифати. За тоа се потребни 80 пратеника бидете сигурни дека овие, тие 80 пратеника ги немаат. И тоа треба да им биде на сите јасно и во Македонија и надвор од Македонија, истакна Мицкоски.
Формулацијата потоа околу прифаќањето на Уставните измени неколку пати се менуваше. Најпрвин Мицкоски велеше дека не прифаќа влез на Бугарите во Уставот под овие услови, за потоа да каже дека овој парламентарен состав нема мандат за промена на Уставот, за на крај да понуди промена на Уставот за влез на Бугарите во истиот уште утре, но по хрватски терк.
Денеска Мицкоски прифати и лидерска средба на која ќе се разговара како ќе се менува Уставот.
Да не заборавиме дека вкупно 44 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата како гаранција кон народот, заверија на нотар изјави дека со мирна совест и здрава свест нема да прифатат промена на Устав.
– Нема отстапување ниту милиметар од ова, нема чекор назад бидејќи зад нас е сè што имаме, нашето достоинство, чест, и нашата Македонија, порача тогаш Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…