(Видео) Ние Македонците мора многу да работиме на својот идентитет, да ја учиме нашата историја – дебатата со соседите не смее да биде “балкански инает”
Во денешната епизода на “Тешки муабети” гостуваше Отец Ивица кој објасни дека ние како Македонци треба да работиме на себе, да ја запознаеме својата историја и идентитет и на тој начин да комуницираме со сотанатите соседни народи кои се чувствуваат загрозено од ширењето на македонскиот идентитет.
– Ние како Македонци и како православни Христијани треба да разбереме дека инентитетот не се дава еднаш па да се одржи во статис кво, тоа е процес. Ние сме имале криза со нашиот идентитет, за Македонија пееме како за подземна река, доаѓа па исчезнува. Сега идентитетот е во голем наплив.
Ова со Бугарите што излегува, јас сум благодарен за овој процес, се расчистија многу работи кои беа нејасни. Нема Македонци по дифолт, такво нешто не постои, секој треба да работи и да разбере зошто е со тој идентите. Ние кога го прифаќаме нашиот идентитет го прифаќаме и срамот и убавите нешта и од сите нешта учиме.
За мене, јас говорам во прво лице еднина, за мене ова е прекрасен процес, многу е опасно кога нешто се држи на страна како проблемот со Бугарија. Некој читал неколку книги, не можел да спие па од Македонец станал Бугарин, тоа читаме. Целата приказна е што тој човек не си го познава идентитетот, некој ќе ти даде книга, ќе читаш, не знаеш како да собереш објективни информации ќе ти се лсучи тоа.
Јас бев на постдипломски студии во Бугаија, јас Македонец станав во Бугарија. Секаде каде што одев почнуваа со тие историски приказни, одеднаш читав за Илинденското востание, па писмата на Гоце Делчев…
Има добри луѓе таму, но има државна пропаганда како и во Грција и Србија, таму национализнот со сериозна доза на шовинизам се негувал затоа што сите се плашеле од македонскиот идентитет. Се формира независна македонска држава, својот идентитет и интереси ги доживуваат како загрозени.
Проблем е што за жал многу крваво го бранеле идентитетот, илјадници луѓе биле убиени за Македонија, а особено е срамно што се наши православни браќа. Каравангелис замислете бил митрополит, не војник.
Таа нивна пропаганда им е во образовниот систем и кога се разговара со нив излегува програмираното во умот, ако човекот се амортизира, да си каже своето па кротко да му се објасни дека не е така, се гради личносен однос и кога ќе види дека немаш омраза кон него и го почитуваш започнува еден друг однос.
Особено ние Македонците треба многу да работиме на себе, да си ја знаеме историјата на себе и на околните народи, особено оние кои претендираат да се интелектуалци, не може некој кој нема појма од историја да оди да дебатира на имот… – вели Отец Ивица.
Следете ја емисијата на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=1104442113472452¬if_id=1653851082489148¬if_t=live_video_explicit
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што е тоа духовник и кој може…
Многумина од оние кои сакаат активно да…