(Видео) „Ние сме ваши чеда, слушнете го нашиот глас“ – Верниците со мирен протест за поддршка на отец Партениј
Верниците и денеска се собраа за да дадат поддршка за отец Партениј. Изборот на наследник на починатиот дебарско-кичевски митрополит Тимотеј, ги разбранува верниците. Aрхиепископот Стефан го унапреди во јероѓакон и јеромонах поранешниот амбасадор во Ватикан, Ѓоко Ѓоргевски и го предложи за митрополит на Дебарско-кичевската епархија. Ова предизвика реакција кај приврзаниците на отецот Партениј од Бигорскиот манастир.
Верниците на МПЦ-ОА од неколку градови во Македонија, организираат мирен собир со цел поддршка за предлог на епископ Партениј како кандидат за митрополит на Дебарско-кичевската епархија, но и поради начинот на избор на нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија. Верниците се зачудени како Архиепископот со еден кандидат како предлог се оддржува избор?! За да има избор треба да предложите повеќе кандидати!? Избор со еден кандидат е парадокс, а тој кандидат не е викарниот епископ Антаниски со 30 години монашко искуство! Црквата е народот, без народ нема ни Црква!“, стои во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вилма Pусковска се приклучи на протестниот марш…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…
(Видео) „Врапчињата знаат дека има огромен синџир…
Врапчињата знаат дека има огромен синџир на…
Протестен марш на семејствата на загинатите денеска…
Во сабота, 25 април со почеток од…
Протест во Тетово: Дали требаше да се…
Во Тетово се одржа протест на група…
Средните училишта низ Србија продолжуваат со бојкот…
Повеќе средни училишта во Србија од понеделник…