(Видео) Нова надеж за уставобранителите: Иницијаторите на Законот за амнестија очекуваат позитивен исход! – Време е да се исправи неправдата
Сите се сеќаваме на Тиранската платформа која сите албански партии од Македонија ја усвоија на заедничка средба со албанскиот премиер Еди Рама во Тирана. Во таа платформа која не е официјален документ, но беше пресудна за формирање на владино мнозинство и Влада, се содржеа низа скандалозни цели на албанските партии.
Плафтормата беше составена од седум точки кои предвидуваа целосна еднаквост и употреба на албанскиот јазик на територијата на Република Македонија, дебата за промена на државните симболи (химна, грб, знаме) за тие да ја одразуваат мултиетничноста на државата, унапредување на статусот на Албанците како джавотворен народ во Македонија, предвидено беше и создавањето на новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, ревизија на дел од предметите како Монструм и Диво Насеље…
Петта точка од Тиранската Платформа предвидуваше ,,Решавање на спорот за името, во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право”, шестата ,, Добри односи со соседите’’, седмата точка ,, Брза интеграција во НАТО и во Европската Унија’’.
Можеби не е официјален документ но дел од точките содржани во платформата веќе се реализирани, Законот за употреба на јазиците е донесен, формирано е Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, Гаши бара од Ковачевски ревизија на Монструм и Диво Насеље…
Македонскиот народ ја препозна опасноста од таквата платформа и главен мотив на протестите “За заедничка Македонија” беше токму спречување на сценаријата, кои за жал подоцна во најголем дел се остварија.
Протестите траеја ското три месеци. Секојдневно реки од народ излегуваа да го искажат својот револт најпрво во Скопје, а потоа тоа се прелеа речиси во цела Македонија.
27 април
На 27 април протестите кулминираа. Толпата народ собрана пред Собранието на Република Македонија не одолеа на низата провокации внатре од Собранието.
Во текот на целиот ден владееше тензична атмосфера поттикната токму од пратениците од идното владејачко мнозинство, поточно од СДСМ и ДУИ. Најпрво седницата за избор на претседател на Собранието беше шверцерски закажана за подоцна вечерта кога толпата обично се растураше. Меѓутоа народот не отиде дома токму од оваа причина. Внатре во Собранието владееше, ако може така да се каже гледано од денешен аспект, тензична атмосфера, иако беше составена генерално од викање и без сериозни инциденти.
Новото владејачко мнозинство тоа попладне насилно избра нов претседател на Собранието, Талат Џафери. Веројатно сите се сеќаваме на сликата со двете кренати раце на Шилегов кога се гласаше додека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ тогаш стоеја на страна и викаа “Ова е пуч”.
На ова му претходеше пеење на албанската химна во Собранието од страна на еден од албанските пратеници, но капката која ја прели чашата беше токму изборот на Џафери за нов собраниски спикер.
Толпата влезе во Собранието, ама не влезе сама. Вратите ги отвори Крсто Мукоски, кој подоцна од нему познати причини, гласаше за промена на името на државата.
Во Собранието настана хаос, народот влезе да го земе она што му припаѓа нему, а што добро знаеја дека подоцна ќе биде насилно одземено. Од денешен аспект кога се против што се протестираше се оствари, треба да признаеме дека тие луѓе имале сериозна причина за тој упад бидејќи сакаа да спречат национална катастрофа во која сега за жал живееме…
Судски процес
Во експресен судски проце првично беа обвинети 33 лица од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на РМ и двајца за помагање.
Поранешниот директор на БЈБ Митко Чавков беше осуден на 18 години затвор за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на земјата.
Судијката Добрила Кацарска во образложението рече дека Чавков бил носител на златната команда на 27 април и иако знаел дека толпата ја тресе оградата пред Собранието и влегува внатре, не дал наредба за интервенција на полицијата.
За истото дело се осудени и Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Мунир Пепиќ, Јане Ченто, Влатко Трајковски Никола Митревски Кољо на по 15 години затвор, Вилијам Михајловски на 14 години затвор, Оливер Поповски на 13 години затвор, Игор Југ, Младен Додевски, Горанче Ангеловски на 12 години затвор, Александар Василевски Нинџа на 8 години и Абдуљфета Алими на 7 години затвор…
Вкупно сите заедно на повеќе од 200 години затвор…
Иницијатива за амнестија на осудените
Адвокатите Јанаки Митровски и Драган Пешевски поднесоа иницијатива за донесување на Закон за амнестија на осудените за настаните на 27 април.
Во изјава за Инфомакс Митровски и Пешевски објаснија дека иницијативата се однесува на две групи на лица, за настаните во Собранието и за групата лица кои го повредија тогашниот пратеник Зијадин Села.
Адвокатите открија дека досега имале средби со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои ветиле поддршка за иницијативата најпрво како поднесување на истата, а потоа и поддршка за гласање на Законот. Митровски и Пешевски во текот на вчерашниот ден се сретнаа и со претседателката на ЛДП, Моника Зајкова која ветила дека иницијативата ќе ја разгледаат на извршен одбор на партијата, а потоа ќе се изјаснат дали ќе дадат поддршка.
Најавени се средби со Левица, а Пешевски очекува дека во блиска иднина ќе има и средби со дел од албанските партии.
Досега иницијативата е поддржана од Стојанче Ангелов и “Достоинство” и од ГРОМ и Стевчо Јакимовски кои имаат и пратеник со Собранието.
Пешевски истакна дека е сигурен дека иницијативата ќе биде поднесена во Собранието, а има голема надеж дека и Законот ќе биде изгласан бидејќи со него се исправа неправдата од претходниот Закон за амнестија.
За крај да потсетиме на зборовите на Јане Ченто за време на изрекување на пресудата: “Вие не осудивте, ама историјата ќе не’ ослободи. ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!”…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…