Објавено на:

(Видео) Новинари „за влакно“ избегнаа смрт при израелски ракетен напад во Либан

t

Дописникот на руската телевизија „Русија денес“, Стив Свини, и неговиот снимател се ранети во израелски воздушен напад во јужен Либан, објави либанската национална новинска агенција.

Двајцата новинари известувале од терен во моментот кога се случил нападот. Според информациите што ги пренесе Ал Џезира, тие биле погодени со шрапнели од експлозија која се случила во нивна непосредна близина.

На социјалните мрежи е објавено видео за кое се тврди дека го прикажува моментот на ударот. На снимката се гледа како експлозии ја погодуваат околината додека новинарската екипа се наоѓа на местото на настанот, посочува руската агенција ТАСС.

Засега нема дополнителни официјални информации околу нивната точна здравствена состојба, ниту за околностите под кои бил извршен нападот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Новинари „за влакно“ избегнаа смрт при…

Дописникот на руската телевизија „Русија денес“, Стив…

Шпионски скандал во Словенија: Јанша призна дека…

Политичката сцена во Словенија влегува во последната…

Вучиќ: Од утре дизелот реално ќе чини…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека…

Драма на Кардиологија: Пациент со закани кон…

Медицинска сестра од Клиниката за кардиологија во…

Лажна дојава за бомба во основно училиште…

Лажна дојава за поставена бомба денеска предизвика…