(Видео) Новинаpката го бендиса, Ковачевски се збуни: Му подарија здрава, црвена, бугарска јаболка на единството
Денешната заедничка прес-конференција на македонскиот премиер Димитар Ковачевски и неговиот бугарски колега, Кирил Петков помина со големо внимание од македонските, но и бугарските медиуми.
Еден момент сепак остана најзебележителен, а се однесуваше на бугарска новинарка која очигледно го бендиса македонскиот премиер.
Таа му подари во живо пред очите на целиот свет како што вели здрава, црвена, бугарска јаболка на единството.
Погледнете како изгледаше тоа:
Сепак фразеологијата на античката митологија за јаболко на раздор, останува популарна и денес. Oчигледно бугарската колешка не читала грчка митологија.. Почетокот на Тројанската војна служеше како пример за формирање на овој израз, кога божицата на кавги и скандали фрли златно овошје со еден натпис – “најубавото” што резултирало со тројанската војна.
Се верува дека јаболкото на раздорот е причина за непријателство, несогласување и контроверзии. Едно време ова овошје предизвикало војна во која учествувале и богови и луѓе. Сега можете да чуете од некого “тој јадеше јаболко на раздор”, и ова ќе укаже на сериозно разминување во ставовите.
Македонија со векови важи како јаболко на раздорот на Балканот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Босна и Херцеговина привремено ги затвора амбасадите…
Заедничките институции на БиХ започнаа подготовки за…
Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…
Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…
Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…
Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…