Објавено на:

(Видео) Нови турски воени операции против Курдите

t

Турската војска неутрализира четворица Курди на ЈПГ/ПКК во северна Сирија, соопшти турското Министерство за национална одбрана…

„Терористите се обидоа да изведат напад во подрачје кое е дел од зоната на турската операција „Извор на мирот“, објави Министерството на Твитер.

Од 2016 година Турција реализира три успешни прекугранични антитерористички операции во Сирија за да превенира формирање терористички коридор и да овозможи мирна средина за жителите. Тоа се операциите „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).

Во ослободителната војна против Турција, што трае повеќе од 35 години, комуниситчката организација на курдите ПКК, која е на листата на терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПК е сириски огранок на ПКК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турската полиција употреби водени топови против студентите…

Студентите утрово се собраа во близина на…

Турската полиција приведе 55 лица во Истанбул…

Вкупно 55 лица се уапсени денеска во…

Имамоглу ќе се кандидира за претседател на…

Опозицискиот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој…

Турскиот суд му одреди притвор на градоначалникот…

Турскиот суд нареди градоначалникот на Истанбул Екрем…

„Сакаме правда“: Протести во Турција по апсењето…

И покрај забраната за собири и протести,…