(Видео) Ново видео: Колона на српската војска се упати кон Косово

t

На социјалните мрежи кружи нова снимка од соседна Србија на која се гледа како колони на српската армија се упатуваат кон Косово.

Снимката е направена во близина на градот Ниш, а според наводите се упатува кон границата со Косово.

На видеото се гледаат артилерија и опрема за противвоздушна одбрана.

Пред 10-тина дена Косовскиот премиер, Албин Курти изјави денеска дека примената на одлуките за замена на српските со косовски регистерски таблички и за реципроцитет кон Србија во однос на личните документи при влез на граѓаните од едната во другата држава, ќе започне на 1 септмеври.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој ѝ се обрати на јавноста по повод разговорите меѓу Белград и Приштина одржани во Брисел и рече дека клучната порака до Србите на Косово е дека, без разлика на сè што ќе биде, бегалски колони нема да има.

– Нема каде да одиме, заглавени сме во ќоше. Ќе го спасиме нашиот народ од прогон и погроми, ако тоа не го сака НАТО, нагласи Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…

Лиценца за испитен центар се издава за…

Власта бесрамно се фали со донациите на…

Левица ја оценува како крајно дрска и…

Владата најави ново задолжување од 700 милиони…

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека…

Акиов и се извини на службеничката за…

По насилниот инцидент на денешната седница на…

Трагeдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…

45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…